ЗОИ: Финска во финале на хокеарскиот турнир


Хокеарите на Финска се пласираа денеска во финалето на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, откако ја совладаа Словачка со 2-0 (1-0, 0-0, 1-0).

Финска поведе со голот на Сакари Манинен во првата третина и предноста ја чуваше до завршницата, кога Хари Песонен стави печат на триумфот и пласманот во финалето.

За Финска ова е трето финале во историјата на ЗОИ, а двата пати беа поразени (1998, 2006).

Подоцна денеска во второто полуфинале играат Русија и Шведска.