Ампева: Минималната плата не треба да ја одредува ЕСС, а уште помалку да се даваат државни субвенции за фирмите


Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата не нуди системски решенија, туку само се маскира состојбата, оцени на денешната прес-конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип. Таа смета дека со членовите 1 и 2 во Предлог-законот, зголемувањето на минималната плата ќе зависи само од Економско-социјалниот совет. Ампева побара во преговорите да бидат вклучени и експерти, […]

ЕИБ инвестирала 853 милиони евра во Западниот Балкан во 2021 година за поддршка на зелени и дигитални проекти


Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестирала вкупно 853 милиони евра во државите од Западниот Балкан, наменети за одржлив развој, зелена транзиција, дигитализација и за поддршка на малите бизниси. За малите и средните претпријатија се инвестирани 560 милиони евра како помош за одржување на ликвидноста, инвестициите, задржувањето на работните места и создавањето на нови можности […]

Горан Ѓорѓиевски нов претседател на Агро-бизнис комората во ССК


Горан Ѓорѓиевски е нов претседател на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). Ѓорѓиевски доаѓа на местото на Огнен Оровчанец, а беше избран на седница на Собранието на Комората. По професија машински инженер, Ѓорѓиевски е сопственик на брендот „Специјал“ кој на пазарот има 24-годишна традиција и ангажира повеќе од 200 вработени. Меѓу […]

Скандал со евромонетата во Хрватска: По обвиненијата за фалсификат победникот го повлече дизајнот


  Стјепан Прањковиќ, авторот на дизајнот на монетата од 1 евро, контактирал со Хрватската народна банка и соопштил дека го повлекува својот предлог. Станува збор за монета на која има куна, која, како што се испостави, е извадена од фотографија на шкотски фотограф без дозвола. „Поттикнат од непријатната атмосфера создадена во медиумите и на социјалните […]

Во Хрватска од корона вирус денеска починаа уште 57 луѓе


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.270 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 44.578. Од нив во болница се лекуваат 2.191 пациенти, а на респиратор има 178. Починаа уште 57 пациенти, или вкупно досега 14.194. Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска од Ковид-19 заболеле […]

„Тврдината Австралија“ ги отвора портите за туристите по две години


  Австралија повторно ќе ги отвори границите за целосно вакцинирани туристи од 21 февруари, најави премиерот Скот Морисон, ставајќи крај на некои од најстрогите и најдолгите ограничувања за патување со пандемијата во светот. „Поминаа речиси две години откако ја донесовме одлуката да ги затвориме границите кон Австралија“, рече Морисон за време на брифингот за медиумите […]

Разрешен директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“, за в.д. назначена Магдалена Петровска


  Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот. – И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со […]

Најпознатиот скопски јутјубер Марко-GP се збогуваше со фановите


Најуспешниот македонски јутјубер Марко Марковиќ, познат под псевдонимот GP, се збогуваше со фановите. Како што соопшти тој самиот, време е за ново поглавје од неговиот живот. 22-годишниот скопјанец реши дека е време да стави крај на неговата кариера на Јутјуб и да се посвети на програмирањето за што и студира. GP е ултра познат меѓу […]

„Кондево“ за 50 отсто ќе ги зголеми своите капацитети во ТИРЗ Штип


Преку инсталирање две нови високософистицирани линии за нови производи италијанската фабрика „Кондево“, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, планира првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени од сегашните 107 на 150 вработени до средината на годинава, како и да има дополнително зголемување на […]

Пендаровски отиде кај семејството на малата Ембла


  Претседателот Стево Пендаровски денеска во Гостивар го посети семејството на Ембла Адеми и основното училиште „Единство“, каде Ембла ја следи наставата. Со родителите на Ембла разговараа за предизвиците со кои таа и нејзиното семејство се соочуваат на дневна основа, фокусирајќи се на можностите за нивно надминување. Пендаровски ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба […]

В среда се отвора годинашниов „Зимски салон“


Во Чифте амам во Скопје ќе биде поставено 19. Издание на „Зимскиот салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Традиционално, домаќин е Националната галерија. Отворањето на оваа традиционална манифестација е закажано за 9 февруари 2022  (среда), со почеток во 20ч. Сите мерки и протоколи за заштита на јавното здравје сѐ уште се важечки. Селектор на […]

Голем пожар во Австралија: Изгореа повеќе куќи, едно лице е во болница


  Најмалку четири изгореа во пожарите кои ги зафатија градовите Бриџтаун и Денмарк во австралиската сојузна држава Западна Азстралија, а тамошниот противпожарен шеф, пожарот го припишува на климатските промени. Министерот за итни служби Стивен Досон, потврди дека уништени се куќи, но додаде дека размерите на штетата нема да бидат познати се додкеа не доде до […]

Ковачевски ќе присуствува на денешниот ЕСС, се надева на решение за минималната плата


Премиерот Димитар Ковечевски најави дека денеска ќе присуствува на Економско-социјалниот совет на кој, како што рече, се надева дека заедно со работодавачите и синдикатите ќе изнајдат решение кое биде на задоволство на вработените. – Во неколку наврати имам кажано дека сум на страната на вработените. Тоа јасно го кажав и при изгласувањето на законското решение […]

Книжевните награди на ДПМ за Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски


Книжевните награди на Друштвото на писатели на Македонија  за изминатата 2021 година им се доделуваат на авторите: Ивица Челиковиќ, Санде Стојчевски, Димитар Пандев и Венко Андоновски, соопштија од писателската асоцијација. Наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување во 2021 година му се доделува на Ивица Челиковиќ за романот „Ден за одмазда“ во издание на издавачката […]

Пржинската влада не може да се укине со желба на само една партија, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски порача денеска дека било какви промени во однос на функционирањето и постоењето на Пржинска влада треба да дојде како резултат на политички договор меѓу четирите политички партии кои учествуваа и во нејзиното формирање. „Со оглед на тоа што Пржинската влада е договорена помеѓу четирите најголеми партии, тоа значи дека и начинот […]

„Љубовта не е одложена“- Саем на венчавки во март во Скопје


Саемот за венчавки традиционално и оваа година ќе се одржи во хотелот Александар Палас во периодот од 25 до 27 март, под мотото “Љубовта не е одложена” , во организација на магазинот “Во Бело”. На повеќе од 2500м2, 40- тина изложувачи ќе ги претстават модните трендови за свадбите во 2022 год. Програмата на саемот ќе […]

СДСМ: Срамно е ова што ВМРО-ДПМНЕ му го прави на Гоце Делчев


  СДСМ денеска ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека со предложената декларација му нанесува штета на македонскиот револуционер и на неговото дело. Па, затоа тие нема да ја поддржат декларацијата и бараат од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече. Координаторот на пратеничката група на партијата, Јован Митрески, изјави дека е „срамно што ВМРО-ДПМНЕ се обидува ова му да […]

Германија: Стар мост на автопат урнат во контролирана експлозија (Видео)


  Екипите за уривање употребија околу 120 килограми експлозив во неделата за да го уништат вијадуктот „Ринсдорф“ на германскиот автопат А45 во близина на Вилнсдорф во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Мостот беше висок 70 метри и долг 500 метри. Експлозијата постави нов рекорд во Германија, која никогаш претходно не разнела мост толку високо. Многу луѓе се […]

Почнува судски процес против банка која перела пари на бугарски шверцери на дрога


Во Швајцарија денеска почнува судски процес против банката „Кредит Свис“ (Credit Suisse), обвинета за перење пари на бугарска криминална група за шверц со кокаин. Наводно банката испрала милиони евра, од кои дел биле донесени во куфери. Според Обвинителство, втората по големина банка во Швајцарија и еден од нејзините поранешни вработени не ги презеле неопходните мерки […]

Минималната плата во земјава меѓу најниските во регионот


Минималната плата во земјава е меѓу најниските во регионот. Македонскиот работник зема минимална плата од околу 250 евра, а пониска од него зема единствено работникот во Албанија каде минималецот изнесува 236 евра. Сите останати држави во регионот земаат поголема минимална плата. Највисок е минималецот во Словенија каде изнесува 749 евра, по што следува Хрватска со […]