Во Хрватска од корона вирус денеска починаа уште 57 луѓе
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.270 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 44.578.
Од нив во болница се лекуваат 2.191 пациенти, а на респиратор има 178.
Починаа уште 57 пациенти, или вкупно досега 14.194.
Од почетокот на пандемијата досега во Хрватска од Ковид-19 заболеле 985.050.