Разрешен директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“, за в.д. назначена Магдалена Петровска


 

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска доби нов в.д. директор со што дојде до престанок на мандатот на претходниот.

– И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици. За претходниот директор на ОУ „Лазо Ангеловски“ имаше бројни поплаки. Тој со своето однесување предизвика бурни реакции во јавноста и нанесе голема штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци – соопштија од Општина Аеродорм.

Градоначалникот Тимчо Муцунски уште од првиот ден се заложи и цврсто останува на неговото ветување дека Општина Аеродром ќе ја врати довербата и позитивната слика за сите институции кои се под нејзина надлежност. За сега, на чело на училиштето и како вршител на должноста директор ќе застане Магдалена Петревска.