Бензините поскапи за 1,5 денари по литар, дизелот за два


Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар, а дизелот поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 […]

Кацарска бара од Џафери Собранието да избере нови четворица уставни судии


Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое изразува загриженост за состојбата со намалениот број на судии и бара Џафери да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време. Кацарска, во писмото до Џафери, посочува дека Уставот […]

Компаниите сами да одлучат дали ќе „одмораат“ во недела или не, бара Стопанската комора


Компаниите самостојно да одлучат дали ќе „одмораат“ во недела или не, согласно динамиката и спецификата на нивната дејност. Да се најде посоодветно законско решение од актуелното кое многу фирми става во нерамноправна положба, зашто ќе се постигне спротивен ефект од оној што сакал да го постигне законодавецот, апелира денеска Стопанската комора. Комората предупредува дека доколку […]

Дејвид Линч во новиот филм на Спилберг кој е строго чувана тајна


САД- Дејвид Линч се приклучи на актерската екипа на претстојната драма на Стивен Спилберг „The Fabelmans“, дознава Variety. Неговата улога останува строго чувана тајна. „The Fabelmans“ ќе ја одбележи првата соработка меѓу Линч и Спилберг, двата главни режисерски таленти кои се појавија во 1970-тите. Линч има акумулирано славно дело во текот на неговата филмска кариера, […]

Тренчевска е оптимист дека ќе се најде најдоброто решение за минималната плата


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска е оптимист дека денеска на Економско-социјалниот совет ќе се најде најсоодветното решение прифатливо за сите социјални партнери. Во денешното интервју за телевизија 24, Тренчевска вели дека барањето на Сојузот на синдикати кое го поддржуваат и другите синдикати е реално бидејќи е согласно трошоците на живот и потрошувачката […]

Пријавување за стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во „Нова“


Наскоро се отвора конкурсот за програмата за стипендирање „Борис Трајковски-НОВА“ која ги покрива трошоците за четиригодишно средно образование во Меѓународното училиште „Нова“ во Скопје почнувајќи од учебната 2022/23 година. Стипендиите ги доделува училиштето „Нова“, во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“, при што ќе бидат доделени три целосни и три делумни стипендии (50%), а истовремено сите […]

Ова се најамбициозните хороскопски знаци: Не бираат како ќе ја остварат целта, а еве кој мисли само на пари


Ова се најамбициозните хороскопски знаци, тешко вас ако работите со нив! Дали знаете кои хороскопски знаци се најамбициозни? Ги има пет и успехот им е духовна храна. Некои се мотивирани од парите, а некои од нивната внатрешна желба секогаш да бидат најдобри, односно подобри од сите околу нив, вклучително и вас. Добро запомнете дали работите […]

(Во живо) Ковачевски во посета на ТИРЗ Штип


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ја посетија фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип. По обиколката на фабриката предвидени се изјави за медиумите во 12:20 часот. Проследете ги во живо:

Мјузиклот „Дијана“ со најмногу номинации за Златна малина


САД- Мјузиклот за принцезата Дијана собра најмногу номинации за Златна малина, кои традиционално се објавуваат ден пред номинациите за оскари и го слават најлошото во филмот во изминатата година. „Дијана“ е номиниран во девет категории, вклучувајќи за најлош филм, покрај „Бесконечно“, „Вселенска кошарка 2“ и трилерите „Карен“ и „Жената на прозорецот“. Филмот во продукција на […]

Скопје домаќин на првиот меѓународен симпозиум за естетска медицина-искуства и трендови


Најновите трендови во областа на естетската медицина и примената на нови современи методи во насока на унапредување на третманот на пациентите беа главните теми на првиот Симпозиум за естетска медицина во земјава.  На Симпозиумот, кој е од меѓународен карактер, учествуваа над 100 пластични хирурзи, дерматолози, стоматолози и орални хирурзи од земјава и од странство. Еминентни […]

Фашистичка или профашистичка – како Бугарија го решаваше еврејското прашање


  Изјавата на копретседателот на заедничката Историска комисија, Драги Ѓоргиев, дека бугарската сателитска држава за време на Втората светска војна била профашистичка, но не и целосно фашистичка, крена на нозе редица овдешни историчари и интелектуалци. Надвор од окупацијата што тогашната бугарска држава ја направи на територии во јужна Србија, Македонија и Северна Грција (подарок на […]

Игри


Цел живот не следат игри. Детски, наивни, олимписки, политички, задкулисни…, некогаш играта е само игра, а некогаш од играта ви зависи животот. Во „играта“ некогаш бараме друштво, некогаш „играме сами“, некогаш победуваме, некогаш си даваме „авто-гол“, зависиме од себе или од другите, сакаме да ги „надиграме“ времето, обврските, амбицијата, конкуренцијата, здравјето, годините, ставата, стилот… На […]

Им нудел 5.000 евра на вработените да се вакцинираат: Колкумина прифатија?


  Вакцинацијата стагнира, па и властите и работодавачите се одлучуваат на различни стимулации за што поголем број граѓани да се имунизираат. Слично е во Германија, па една компанија одлучила на вработените кои ќе се вакцинираат да им плати по 5.000 евра за вакцинација. Шефот во комапнијата „Bother AG“, им рекол на вработените дека понудата важи […]

Веста за хакерски упад е лажна, вели Министерството за образование


  Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видео-снимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од простории на министерството, соопшти Министерството за образование и наука откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на МОН и ја презело […]

АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање […]

МОН: Нема упад во електронските системи и бази со податоци, лажна е информацијата на социјалните мрежи


Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од простории на министерството, соопшти Министерството за образование и наука откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на МОН и ја презело контролата […]

ИЈЗ: Вакцинацијата против Ковид-19 се препорачува за трудници и за тие кои се обидуваат да забременат


Вакцинацијата против Ковид-19 се препорачува за трудници. Сите кои имаат 18 години и се постари од 18, вклучително и оние кои се бремени, кои дојат, се обидуваат да забременат сега или планираат во иднина, треба да бидат целосно вакцинирани. Вакцината може да заштити од сериозни(тешки) компликации при Ковид-19, а здравата мајка е важна за здраво […]

Макрон на разговори во четири очи со Путин


  Напорен ден за лидерите на Франција и Германија: Емануел Макрон е во Москва за голем обид да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, додека Олаф Шолц е во Вашингтон. Преговорите Макрон-Путин би можеле да напишат историја – и ако успеат и ако не успеат. Двајцата претседатели ќе се сретнат сами, само со преведувачи и […]

Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација


Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на Ковид-19. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека бранителот на Јанакиески поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќи тој е позитивен на Ковид-19 и приложил […]

Јапонија пролетва може да има лек за корона вирус


Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека вчладата разгледува можност да даде условено, рано одобрение за ковид-апчиња развиени од фирмата „Шионоги“. Ако клиничките испитувања ја потврдат сигурноста и делотворноста на лекот, „би сакале тоа веднаш да го разгледаме“, рече Кишида на состанокот на парламентарниот одбор кој се пренесуваше на телевизија. „Шиноги“ одвоено објави нови резултати од […]