Црногорците не се откажуваат – по нафта, ќе бараат природен гас


Црна Гора не се откажува истражувањата во близина на нејзиниот брег. Откако напорите да се пронајде нафта во близина на Будва не дадоа резултат, сега напорите се наочуваат кон истражување на наоѓалишта на гас. Според државниот секретар за енергетика и рударство, Марко Перуновиќ, до 15 март ќе се знае дали грчка компанија ќе започне со […]

Зголемени цените на угостителските услуги во јануари


Цените на угостителските услуги во јануари се зголемени за 2,4 проценти во споредба со декември лани. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, зголемување има кај услугите за храна за 3,3 проценти, алкохолни пијалоци за 2,4 проценти, безалкохолни пијалоци за 0,9 проценти и ноќевањата за 0,3 проценти. Во споредба со јануари лани, забележано е […]

KIKO Milano „Sweet Affaires”: Валентајн колекција инспирирана од чоколадото!


Веројатно и не постои поголем синоним за празникот на вљубените од кутитија неодоливо чоколадо, па ако тоа доаѓа во сосема нови облици оваа година, тогаш, знаете дека станува збор за вистинско уживање! Познатиот италијански бренд за декоративна козметика Kiko Milano што од неодамна е избор број еден на македонските девојки, овој Валентајн нè разгалува со […]

„Пари”: Кои земји имаат највисоки минимални плати и како е во регионот?


Додека Синдикатот и Организацијата на работодавци се убедуваат дали е можно и дали е потребно да се исплаќа минимална плата од 18.000 денари на 110.000 работници, колку што според ССМ примаат „минималец“, порталот „Пари“ побара податоци за тоа какви минимални плати се исплатуваат во регионот и во светот. Во нашето блиско опкружување, минималната плата во Србија, […]

Сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19 во Грција имаат различно времетраење при влез и во внатрешноста на земјата


Грција– Согласно двете министерски одлуки, едната со предусловите за патување во земјата, а другата со мерките за заштита на јавното здравје во самата земја, што денеска стапија во сила, а со оглед на тоа дека рестрикциите во Грција важат и за туристите, постојат различни правила за влез во земјата и различни во внатрешноста, а се […]

Претреси во Кавадарци, пронајдена дрога, приведени две лица


Полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вчера околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Како што информираа денеска од МВР, после тоа, врз основа на судска наредба, во домовите […]

Македонска компанија разви иновативно решение за кровни градини


Македонската компанија ФОЈА, разви иновативно решение за индустриско производство на т.н. модули за кровни градини. Производот е наречен Семпервел, и со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини. Наменет е за приватни и јавни објекти, може да се изведува на куќи, згради и други рамни кровни […]

(Видео) Валиева испиша историја во уметничко лизгање на ЗОИ


  Тимот на Русија освои злато во тимскиот натпревар во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг. Натпреварот го одбележа 15-годишната Камила Валиева, која стана прва лизгачка која изведе потполн четворократен скок во олимписка конкуренција. Таа изведе два четворократни скока, се обиде и трет, но падна. Учиното на Валиева на „Болеро“ од Равел награден […]

Вулкан, активен на секои 15 минути, популарен меѓу туристите


  Планинарење во сенка на активен вулкан не е начин на кој замислувате да го поминете годишниот одмор, но за многу туристи, погледот и доживувањето се вредни за ризикот. Вулканот Фуего во Гватемала е најактивен вулкан во Средна Америка, и секоја година привлекува илјадници посетители кои сакаат да ги гледаат неговите ерупции. За да сведочите […]

Кога грабеж на банкомат ќе заврши трагично – еден крадец е мртов


  Двајца мажи вбризгале гас во банкомат и го запалиле. Полицијата од Московската област трага по крадец кој побегнал откако експлодирал банкомат, каде загинал неговиот соучесник. Како што соопшти полицијата, двајцата мажи вбризгале гас во банкоматот и го запалиле. Дошло до експлозија во која еден од нив загинал, а другиот побегнал, пренесе РИА Новости.

Германската железница најавува целосно исфрлување на дизелот


Германската железничка компанија Дојче Бан сака целосно да ги отстрани дизел горивата од своите железнички композиции и да ги замени со биогорива до 2040 година. „Нашите 3.000 дизел возила оваа година постепено ќе се префрлаат на алтернативни горива“, рече извршниот директор на Дојче Бан, Ричард Луц. „Покрај целосното насочување кон зелена енергија, постепеното елиминирање на […]

Најдобрата приказна од ЗОИ – од болест до врвот на светот


  Канадскиот сноубордер Макс Паро освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг во дисциплината слопстајл. Паро, кој бше вицешампион пред четири години, славеше благодарение на второто возење во кое освои 90,96 бода. Нему, 10 месеци по Игрите во Пјонгчанг му беше дијагностициран Хичингов лмфом, но по шест месеци хемотерапија се врати на натпреварите, […]

ЗОИ: Швајцарецот Фојц најбрз на спустот


Швајцарскиот скијач Бит Фојц го освои златото на Олимписките игри во Пекинг во дисциплината спуст. Фојц на својата земја и го донесе првото злато на Олимписките игри во Пекинг. Второто место му припадна на Французинот ката Жоан Кларет, додека бронзен медал освои Австриецот Матијас Маер. Трката во спуст требаше да се одржи вчера, но беше […]

Совет за енергетика ЕУ-САД: Како да се намали зависноста од рускиот гас, не е заобиколен ни Западен Балкан


Денеска и утре во Вашингтон се одржува Советот за енергетика ЕУ-САД чија цел е да се подобри трансатлантската соработка во областа на енергетиката, а шефот на европската дипломатија Жосеп Борел пред состанокот изјави дека се посветени на обезбедување енергетска безбедност на ЕУ и нејзините соседи, вклучително и Молдавија, Украина и Западен Балкан. Во пресрет на […]

„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија


“Француски бакнеж” е насловен концертот кој ќе се одржи в петок, на 11 февруари, 20 часот. Диригент е Џијан Емин, а како солисти ќе настап момците од француското трио “Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката која ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуилан и вокалистката Бети Жарден, и […]

Шолц во прва посета на САД


Германија– Германскиот канцелар Олаф Шолц отпатува во својата прва посета на Вашингтон откако ја презеде функцијата, во услови на зголемени прашања за посветеноста на Берлин кон неговиот клучен сојузник на САД во украинската криза. Предвидено е Шолц денеска да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа. Германија се соочува со притисок од […]

Модата на Ив Сен-Лоран во шест париски музеи-брендот слави 60-годишен јубилеј


Франција– Брендот Ив Сен Лоран слави блескав јубилеј оваа година: нивната 60-годишнина. За да го прослават, креациите на покојниот легендарен дизајнер ќе бидат изложени во шест големи музеи во Париз, заедно со некои од уметничките дела што ги инспирирале. Пробивот на Сен Лоран во неговата кариера започна во 1955 година кога беше ангажиран од Кристијан […]

Седници на четири собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Законодавно-правната комисија ќе одржи три седници, на кои ќе бидат разгледани повеќе закони со европско знаменце, меѓу кои и Предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во прво читање. […]

Неделава нова средба на експертско ниво за политичкиот пакет прашања со Бугарија


Неделава, на 10 или 11 февруари, двете министерства за надворешни работи, на Северна Македонија и на Бугарија, во Софија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во обид за надминување на разликите меѓу двете земји. Состаноците на работните групи, пак, кои беа формирани на заедничката меѓувладина седница што се одржа во […]

Владиниот Економски совет ќе расправа за минималната плата, преговорите продолжуваат


На седница на Економскиот совет на Владата денеска се очекува да биде разгледано се за што е разговарано досега во однос на синдикалното барање за зголемување на минималната плата, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата. По ова, треба да се одржи нова седница на Економско-социјалниот […]