(Видео) Валиева испиша историја во уметничко лизгање на ЗОИ


 

Тимот на Русија освои злато во тимскиот натпревар во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Натпреварот го одбележа 15-годишната Камила Валиева, која стана прва лизгачка која изведе потполн четворократен скок во олимписка конкуренција.

Таа изведе два четворократни скока, се обиде и трет, но падна.

Учиното на Валиева на „Болеро“ од Равел награден е со 178,92 бода, што е нешто повеќе од шест бодови помалку од нејзиниот светски рекорд.

Сребрениот медал го освои тимот на САД, додека на последното скалило се качи тимот на Јапонија.