Кога грабеж на банкомат ќе заврши трагично – еден крадец е мртов


Илустрација

 

Двајца мажи вбризгале гас во банкомат и го запалиле.

Полицијата од Московската област трага по крадец кој побегнал откако експлодирал банкомат, каде загинал неговиот соучесник.

Како што соопшти полицијата, двајцата мажи вбризгале гас во банкоматот и го запалиле.

Дошло до експлозија во која еден од нив загинал, а другиот побегнал, пренесе РИА Новости.