Активни 12.324 случаи, од 1.045 новорегистрирани речиси осум отсто се реинфекции


Активни се 12.324 случаи во државава од кои најголем број 6484 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени се 4.695 тестови, регистрирани се 1.045 нови случаи со КОВИД-19, 25 починати и 2.418 оздравени пациенти. Од вкупно 1.045 позитивни, регистрирани се 132 реинфекции. Потпретседателката и раководител на Одделот за […]

Облачно, попладне дожд, а на планините снег


Времето ќе биде претежно облачно, попладне почнувајќи од западните делови со врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува […]

СAД: Гасоводот „Северен поток 2“ е осуден на пропаст доколку Русија ја нападне Украина


САД – Американската влада уште еднаши се закани на Русија дека ќе го запре проектот за германско-рускиот гасовод Северен поток 2 во случај на руска инвазија врз Украина. „Доколку Русија ја нападне Украина на еден или друг начин, „Северен поток 2“ нема да профункционира, а Русија разбира дека тоа го координиравме со нашите сојузници“, изјави […]

Австралија целосно отвора граници за вакцинирани патници од 21 февруари


Австралија – Австралија целосно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани носители на визи од 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон откако земјата беше затворена за странци речиси две години за да се намали заканата од ширење на коронавирусот. „Ако сте биле вакцинирани со втора доза, со нетрпение очекуваме да ве видиме во Австралија“, нагласи Морисон […]

Вонредна ситуација во Отава поради протестот на возачите на камиони


Канада – Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, прогласи вонредна состојба во градот за да помогне во справувањето со досега невидените 10-дневни блокади од возачите на камиони кои протестираат и го парализираа канадскиот главен град. „Мерките ја одразуваат сериозната опасност и закана за безбедноста и безбедноста на граѓаните кои продолжуваат со демонстрации и ја нагласуваат потребата од […]

Во Грција граѓаните кои не примиле бустер доза се сметаат за невакцинирани


Грција – Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 7 февруари 2022 година, 38-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 327 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 41 минута, а ќе зајде во 16 часот и 54 минути. Денов трае 10 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Почина новинарката Цветанка Зојчевска


Цветанка Зојчевска, истакната театарска критичарка и новинарка од културата, почина вчера во Скопје, потврди семејството за СДК.мк. Имаше 76 години. Ќе биде погребана утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје. Родена во Прилеп, Зојчевска е дипломец на Филозофскиот факултет во Скопје, а долгогодишната новинарска кариера ја почна во весникот „Вечер“. Од 2000 […]

Брзината ја убива креативноста- Александар Поповски со нова премиера во Белград


Претставата „Алиса во земјата на стравови“ по текст на Ева Махковиќ ја постави македонскиот режисер Александар Поповски во Југословенскиот драмски театар во Белград. По две одложувања поради пандемијата, конечно во четврток на сцената „Љуба Тадиќ“ се одржа премиерата. Извонредната сценографија ја потпишува Вања Магиќ, костимите Миа Поповска, композиторот Марјан Неќак. Актерката Милена Радуловиќ ја играше […]

Почина Предраг Пеѓа Вранешевиќ, оснивач на групата „Лабораторија звука“


Музичарот и сестран уметник Предраг Пеѓа Врашевиќ, ко-основач на култната група Лабораторија на звукот, почина во Нови Сад по долго и тешко боледување, потврди за Танјуг семејството музичари. Пеѓа Вранешевиќ, роден во 1946 година, беше една од најкреативните личности на модерната новосадска културна сцена, која беше формирана во текот на 1960-тите и 1970-тите, инспирирана од […]

Германските возови до 2040 година ќе преминат на биогорива 


Германија –  Германската железничка компанија Дојче Бан денеска соопшти дека сака целосно да ги отстрани дизел горивата од своите возила и да ги замени со биогорива до 2040 година. – Од оваа година, нашите 3.000 дизел возила постепено ќе се префрлаат на алтернативни горива, соопшти денеска извршниот директор Рихард Луц. – Покрај насочувањето кон 100 отсто […]

На 300 илјади вакцини на Фајзер до крајот на месецов им изминува рокот


На депонијата Дрисла во Скопје до крајот на февруари 300.000 дози од Фајзер вакцините ќе мора да бидат уништени како медицински отпад поради поминат рок на траење. Од Министерството за здравство велат дека деловна тајна е податокот за тоа колку чинеле вакцините кога се набавиле и колку ќе чини уништувањето. Во Македонија опаѓа интересот за […]

ЗОИ: Норвешка и Шведска најуспешни по вториот натпреварувачки ден


Кина– На Зимските олимписки игри во Пекинг, во текот на денешниот ден се доделени шест комплети медали. Водечки на табелата медалисти се Норвешка и Шведска со по два златни трофеи. По едно најсјајно одличје имаат Русија, Германија, Холандија, Австралија, Јапонија, Словенија, Кина и Нов Зеланд. Што се однесува до вкупниот број, Русите имаат пет медали, 1+2+2 […]

Британец освои 130 милиони евра на лотаријата


Англија – Британец освоил 130 милиони евра од лотаријата EuroMillions, пишува Дејли Стар. Името на среќниот добитник се уште не е откриено, но познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07. Самиот лоз чини 2,5 евра. Победникот ќе може да ги повлече средствата во рок […]

Макрон утре на средба со Путин


Франција– Со надеж дека ќе ја смири кризата на истокот од европскиот континент, францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе оди во Кремљ за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави дописникот на МИА. За францускиот неделник „Ле Поан“ ова патување на Емануел Макрон за Русија претставува „игра на покер“. .Шефот на француската државата […]

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати


Грција– Грчката противпожарна служба соопшти дека се пронајдени телата на тројца планинари кои се воделе како исчезнати. Тројцата планинари на возраст меѓу 50 и 55 години во саботата наутро тргнале да се искачат на планината Хелмос, висока 2.355 метри, на Пелопонез, во југозападна Грција, објави АП. Тие го паркирале својот автомобил кај ски-центарот Калаврита, во […]

Нови 1.045 случаи со Ковид-19, вкупно 29 починати 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи со КОВИД-19, 25 починати и 2.418 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 1.045 случаи во Скопје се 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – […]

Мареј ќе ја прескокне сезоната на земјени терени за да ја заштити кондицијата


Англија- Поранешниот светски рекет број еден Енди Мареј во неделата изјави дека има намера да го прескокне Отвореното првенство на Франција и остатокот од сезоната на земјени терени со цел да спречи повреда и да ја продолжи кариерата по повеќекратните операции на колкот. 34-годишниот Мареј, кој испадна во вториот круг од Австралија Опен, ќе биде […]

Во Полска пристигнаа американски пешадиски трупи


Полска – Авион со неколку десетици елитни американски војници и опрема е забележан како денеска слетува во југоисточна Полска во близина на границата со Украина, јави американската телевизија Еј-Би-Си. Војниците пристигнаа по наредба на претседателот Џо Бајден во Полска да бидат распоредени 1.700 војници поради стравувањата од руска инвазија на Украина. Планирано е распоредување и на […]

Фустанот на Кери Бредшо ги зголеми пребарувањата за „Валентино“


САД- Пребарувањата за фустани на „Валентино“ се зголемуваат по последната епизода на продолжението на култната серија „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“ . Според Love the Sales, моден агрегатор за е-трговија, пребарувањето за фустани на „Валентино“ вртоглаво порасна по финалето на рестартирањето на „Сексот и градот“, зголемувајќи се за 1.085 проценти. Пребарувањата за […]