Фустанот на Кери Бредшо ги зголеми пребарувањата за „Валентино“


САД- Пребарувањата за фустани на „Валентино“ се зголемуваат по последната епизода на продолжението на култната серија „Сексот и градот: И просто, така оди тоа“ .

Според Love the Sales, моден агрегатор за е-трговија, пребарувањето за фустани на „Валентино“ вртоглаво порасна по финалето на рестартирањето на „Сексот и градот“, зголемувајќи се за 1.085 проценти. Пребарувањата за „долги портокалови фустани“ исто така се зголемија за 194 проценти.

Пребарувањата се однесуваат на главниот моден момент од последната епизода, каде ликот на Сара Џесика Паркер, Кери Бредшо, е видена во Париз облечен во преголема, портокалова тоалета на Валентино од модната колекција на дизајнерската куќа за пролет 2019 година. Бредшо го носеше фустанот кога го расфрли пепелот на нејзиниот покоен сопруг, Мистер Биг, од истиот мост кога тој и ја призна својата љубов во финалето на оригиналната серија.

Ликот го комбинираше модниот фустан со ракавици во боја на фуксија, што предизвика пребарувањето за „розови ракавици“ да се зголеми за 273 проценти.