ЗОИ: Норвешка и Шведска најуспешни по вториот натпреварувачки ден


Кина– На Зимските олимписки игри во Пекинг, во текот на денешниот ден се доделени шест комплети медали. Водечки на табелата медалисти се Норвешка и Шведска со по два златни трофеи.

По едно најсјајно одличје имаат Русија, Германија, Холандија, Австралија, Јапонија, Словенија, Кина и Нов Зеланд.

Што се однесува до вкупниот број, Русите имаат пет медали, 1+2+2 (злато+срербо+бронза), Норвешка три (2+0+1), Австрија три (0+2+1), Италија три (0+2+1).