Хрватска и Бугарија на врвот во ЕУ по бројот на починати од Ковид 


Хрватска– Во изминатите седум дена, Хрватска беше прва по бројот на починати од коронавирус во Европската унија со 73 смртни случаи на милион жители, а на второ место е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители. Загребачки Јутарњи лист пишува дека со ова се потврдува дека е заблуда дека има помалата опасност омикрон варијантата […]

Холанѓаните гневни поради мегајахтата на Безос, ќе фрлаат јајца во знак на протест


Холандија– Новата мегајахта на Џеф Безос се гради во Холандија, каде можеби ќе биде неопходно да се демонтира историскиот мост пред тој да заплови. Некои жители на Холандија рекоа дека ќе фрлаат јајца на јахтата кога ќе треба да помине. Жителите на Ротердам на Фејсбук повикаа да организираат настан наречен „Фрлање јајца на суперјахтата на […]

Меси нема да го напушти ПСЖ до СП 2022 година, сака да ја освои Лигата на шампионите со клубот


Шпанија – Напаѓачот Лионел Меси не планира наскоро да го напушти Пари Сен-Жермен. Аргентинецот има намера да остане во парискиот клуб барем до Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи во ноември-декември 2022 година, пренесува шпанска „Marca“. Покрај тоа, 34-годишниот Аргентинец сака да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ, што е негова главна мотивација […]

Ле Пен најави повлекување на Франција од НАТО доколку победи на претседателските избори


Франција– Кандидатката за претседател на Франција Марин Ле Пен изјави дека во случај да победи на претстојните избори ќе донесе одлука Франција да го напушти НАТО. – Мораме слободно да ги застапуваме сопствените интереси, да излеземе од логиката на воените блокови. Затоа ќе се повлечеме од НАТО за да не бидеме повеќе вовлечени во туѓи […]

Сали ги посети пациентите во ковид-центарот во болницата во Велес


Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека денеска ги посетил пациентите во ковид – центарот во Општата болница во Велес, во рамки на неговата посета во таа здравствена установа и им посакал побрзо закрепнување. – Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите ковид – центри да им дадеме поддршка на […]

Земан се противи на испраќање чешки војници како засилување на НАТО


Чешка – Чешкиот претседател Милош Земан соопшти дека е против тоа неговата земја да испрати војници заради зајакнување источното крило на НАТО. Тој смета дека Русија и Украина ќе останат само во вербалната војна, а според него, најмногу што може да се случи е да избие локален конфликт ограничен на две сепаратистички проруски области во Украина. […]

Италија избра песна за Евросонг: Махмуд пак фаворит (видео)


Италија- Во тензичното финале на италијанскиот фестивал „Санремо“ за избор за песна што ќе ја претставува Италија на годинешната Евровизија победата ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Brividi“. Песната „Brividi“ веднаш стана фаворит на обложувалниците за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија. Сепак, досега се познати само девет песни кои ќе […]

Диџеј Авичи ќе добие музеј во Стокхолм


Шведска- Стокхолм, кој веќе е светска престолнина на поп-музичкото наследство со музеј посветен на ABBA, сега е на пат да стане омилена дестинација на љубителите на електронската музика поради музејот посветен на шведскиот диџеј Авичи. Речиси четири години по смртта на диџеј суперѕвездата, градот се подготвува за отворање на Avicii Experience на 26 февруари, интерактивен […]

Архивски материјали од македонското ателје застапени во Меѓународниот град на уметноста во Париз


Во големата изложба „Повторно надвор:жива архива”, во Париз, како Меѓународен град на уметности застапени и архивски материјали од македонското ателје. Како што информираат од Министерството за култура, на изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на ателјето, и уметничко дело од академскиот сликар Коле […]

„Григор Прличев“ за Трајче Кацаров


Свеченостите на годинешните „Прличеви беседи“ продолжија денеска со централнот настан, доделувањето на наградата на лауреатот Трајче Кацаров, авторот на поемата „Цветко“ избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се објавува во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев. За животниот пат и творештвото на Кацаров пред присутните во Центарот за култура свое обраќање имаше […]

Камила ќе стане кралица, одлучи кралицата Елизабета


Англија – Британската кралица Елизабета Втора во саботата, по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила Паркер, да ја добие титулата кралица кога принцот Чарлс ќе стане крал. Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата вели дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја добие таа титула, пренесе […]

Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ во МКЦ


Театарската претстава „Мајсторот за спомени“ по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија денеска и утре ќе биде изведена во МКЦ – Скопје. Успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги […]

Поднесени кривични пријави за изработка и употреба на фалсификувани ПЦР тестови


СВР Куманово поднесе кривични пријави против В. М. (51) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа” и против С. Ј. (25) од Радовиш, Р. М. (24) од Струмица, О. Ј. (23) од Радовиш, Џ. С. (43) од Радовиш, М. Р. (25) од Радовиш, С. С. (18) од Радовиш, Е. […]

Трамп собира пари за избори: Донатор на 250.000 долари добива вечера со него


САД – Поимотните поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него за суми кои достигнуваат и до 250.000 долари, а собраните пари ќе бидат вложени во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Гардијан. Акцијата за собирање пари, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на […]

Ковачевски: Oчекувам уште утре да има решение за минималната плата


 Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето, напиша денеска на својот фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски. Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни, порачува, е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. – Очекувам уште утре да имаме решение за покачување […]

По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка“


По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка“. На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал. Според условите, Карневалот кој е јубилеенб, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател […]

Се санираат дупките на неколку булевари во Скопје


Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта  пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар „Осми септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (нас. Пинтија кон нас. Драчево). Санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици […]

Поштар ја земал пензијата од починато лице


Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за фалсификување службена исправа. -Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување службена исправа”, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д. Ј. (58) од селото Новак, општина Центар Жупа. Тој, во својство на вработен во подружницата на […]

Кривична пријава за фалсификување службена исправа


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа“, соопшти денеска МВР. Како што се наведува во соопштението, тој во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил […]

ССМ: Владата да застане на страна на работниците и да го даде тоа што го бараат


Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави предлогот за минималната плата на Сојузот на синдикатите на Македонија на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи, порачаа денеска од ССМ.  Тие бараат решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати. Повторно предупредија дека доколку во […]