Кривична пријава за фалсификување службена исправа


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа“, соопшти денеска МВР.

Како што се наведува во соопштението, тој во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил парични средства во вкупен износ од 220.000 денари.