Италија избра песна за Евросонг: Махмуд пак фаворит (видео)


Италија- Во тензичното финале на италијанскиот фестивал „Санремо“ за избор за песна што ќе ја претставува Италија на годинешната Евровизија победата ја однесе дуото Махмуд и Бланко со песната „Brividi“.

Песната „Brividi“ веднаш стана фаворит на обложувалниците за уште една, последователна победа на Италија на Евровизија. Сепак, досега се познати само девет песни кои ќе ги слушнеме на годинешниот најголем музички настан кој ќе се одржи од 10-14 мај во Торино.

Махмуд веќе им е добро познат на фановите на Евровизија, бидејќи ја претставуваше Италија во 2019 година со песната „Soldi“, и го освои второто место.