Им нудел 5.000 евра на вработените да се вакцинираат: Колкумина прифатија?


Фото: Б. Грданоски

 

Вакцинацијата стагнира, па и властите и работодавачите се одлучуваат на различни стимулации за што поголем број граѓани да се имунизираат.

Слично е во Германија, па една компанија одлучила на вработените кои ќе се вакцинираат да им плати по 5.000 евра за вакцинација.

Шефот во комапнијата „Bother AG“, им рекол на вработените дека понудата важи до јануари.

Тој понудил ваков надомест поради слабата вакцинираност на вработените. Имено, секој десетти работник бил заразен, а процентот на вакцинирани се двиќжел околу 60 отсто, Понудата ја искористиле 500 вработени, што компанијата ја чинело 2,5 милиони евра, вели шефот , а сега имаат 90 отсто вакцинираност.

Членот на управата Данило Фрасјак потврди дека потегот се исплател.

„Додека во ноември имавме и до 10 инфекции дневно, во последните шест недели имаме само еден заразен“, вели тој, додавајќи дека е горд на своите вработени.

„Нашите вработени се заштитени од последиците од корона вирус, а тоа е добро и за нас како компанија за да работиме со полна пареа“, вели Фрасјак.