„Љубовта не е одложена“- Саем на венчавки во март во Скопје


Марјана Станојковска на Саемот на венчавки во 2020/ Фото: Б. Грданоски

Саемот за венчавки традиционално и оваа година ќе се одржи во хотелот Александар Палас во периодот од 25 до 27 март, под мотото “Љубовта не е одложена” , во организација на магазинот “Во Бело”.

На повеќе од 2500м2, 40- тина изложувачи ќе ги претстават модните трендови за свадбите во 2022 год. Програмата на саемот ќе биде во склоп со актуелната ситуација со пандемијата, а ќе се почитуваат и сите протоколи кои ќе важат во тој момент. Пријавувањето за учество како изложувач е на мејлот  [email protected] [email protected]