СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги испровоцирала тензиите во Вевчани


Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје, реагираа од СДСМ на обвинувањата од опозицијата дека специјалци насилно растерувале учесници на карневалот поради непочитување на мерките за пандемијата. -Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале […]

Египет го совлада Чиле во премиерата на СП во ракомет


Домаќинот Египет славеше над Чиле со 35:29 (18:11) во премиерниот натпревар на Светското првенство во ракомет, што вечерва официјално започна во Каиро. Египет го контролираше резултатот од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи победата да биде доведена во прашање. Во вториот натпревар во Г-групата, македонската репрезентација утре од 20:30 часот ќе игра […]

Голема експлозија се случи во нашата галаксија: Можни проблеми со мрежите на планетата


  Голема експлозија се случи во нашата галаксија, огромен блесок се протегна низ СОнчевиот систем, а научниците веруваат дека експлозијата ја предизвикала необична, многу моќна неутронска ѕвезда позната како магнетар, но исто така моѓно е денеска да дојде до проблеми во мобилната мрежа ширум Земјата. Откритието на оваа експлозија може да помогне во разбирањето на […]

Шестгодишно девојче го изгуби животот во сообраќајна несреќа


Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот „Видео Смилевски-Бато” во Тетово, информира Тетовската  полиција. Во девојчето удрил автомобил фолксваген голф управуван од 30 годишник од село Фалише. -Од удирарот девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во Тетовската клиничка болница подлегнало. […]

Во Британија рекорден број починати од корона вирус-1.564 за еден ден


Во Велика Британија во последните 24 часа бројот на смртни случаи од коронавирусот достигна нов црн рекорд од 1.564, додека бројот на нови инфекции се зголеми за 47.525. Како што пренесуваат британските медиуми, бројот на починати е поголем отколку на 8 јануари, кога претходно беше регистриран рекорден број смртни случаи, кој изнесуваше 1.325. Вкупниот број […]

Милевски: Треба да дискутираме за бројот на советниците и за отворени листи


Локалните избори се пред нас и веќе од пролет ќе почнат калкулациите меѓу сите политички партии и ќе се „вжешти“ политичката атмосфера. Ние како Министерство, но и како партија се залагаме на локалните избори граѓаните да одлучуваат на отворени листи, изјави вечерва министерот за локална самоуправа Горан Милевски во 24 анализа на Телевизија 24. Министерот Милевски […]

СЗО: Оваа година пандемијата може да биде потешка од претходната


Швајцарија – Втората година од пандемијата на Ковида-19 може да биде потешка од првата, со оглед на брзината на ширење на коронавирусот, особено во северната хемисфера каде што циркулира нов заразен вид, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). – Влегуваме во втората година од пандемијата, што може да биде потешка кога ќе видиме колку брзо се шири […]

Чедомир Јовановиќ на морфиум, се справува со последиците од Ковид-19


Србија- Српскиот лидер на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, конечно спиел цела ноќ без болка, бидејќи терапијата што му ја препишале лекарите му донела очекувани резултати, објавија српските медиуми. – Сега е многу подобро. Болката ја снема и тој дише сам. Утврдено е дека нема ништо акутно во неговиот случај. Тој беше подложен на магнетна резонанца […]

Поради невреме повеќе илјади домаќинства во Шведска и во Финска без струја


Повеќе илјади домаќинства на северот на Шведска и југот на Финска останаа денеска без електрична енергија поради голем снег, а метеоролозите предупредуваат на многу ниски температури во следните денови во регионот на Балтикот. Финската медиумска куќа ЈЛЕ наведува дека на југозападот на Финска речиси 4.000 домаќинства останале без електрична енергија и дека властите предупредуваат дека […]

Османи ќе одговори на поканата на Милошоски ако престане да ги кочи амбасадорите


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски му порача дека е подготвен низ трансперентна постапка да бидат отворени сите прашања од надворешната политика, при што наедно побара од него да ја закаже и седницата на која кандидатитеасажд за амбасадори ќе можат да ги презентираат тезите пред […]

Финансиска поддршка за „Соко Горица“ за развој на нови технологии


Семејната компанија „Соко Горица“ ДООЕЛ Скопје за производството на овошни пијалаци, која датира од 1994 година, доби финансиска поддршка за развој на нови технологии. Како што информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, финансиската поддршка е во времетраење од пет години по основ на две мерки – пораст на капитални инвестиции и […]

Хрватска е меѓу земјите на ЕУ со најголем пад на индустриското производство


Во ноември 2020 година, Хрватска беше меѓу трите земји на ЕУ со најголем пад на индустриското производство на месечно ниво, додека во ЕУ и еврозоната, растот на производството малку се забрза, покажа во средата извештајот на Европскиот завод за статистика. Во Европската унија со 27 земји, сезонското прилагодено индустриско производство се зголеми за 2,3 проценти […]

Една друга Бела куќа е спремна за Камала Харис: Домот на сите потпретседатели во Вашингтон (фото)


САД- Секој знае дека претседателот на Соединетите држави живее во Белата куќа, но дали знаевте дека потпретседателот живее во поинаква, помалку грандиозна (но сепак импресивна) бела куќа? Од 1977 година, секое лице кое ја извршуваше функцијата заменик претседател го нарече истото место дом: Number One Observatory Circle. И кога Камала Харис ќе стане потпретседател овој […]

Уште една компанија го напушти Северен тек-2


Консултантската фирма „Рамбол“ одби да учествува во завршувањето на „Северен тек-2“ поради опасност од санкции од САД. Според данскиот весник „Политикен“, компанијата стана жртва на конфликтот околу скапиот гасовод од Русија до Германија вреден повеќе од 70 милијарди дански круни. Гасоводот Северен тек-2, со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас, годишно треба да транзитира […]

Што се случуваше во Вевчани за време на карневалот (Фото галерија)


Годинашниот василичарски карневал во Вевчани во одреден момент прерасна во инцидент во кој политиката изгледа дека ги замеша прстите. Иако официјално карневалот не беше организиран поради пандемијата неколку десетици луѓе сепак беа облечени во маски и продефилираа низ местото, а тоа најпосле заврши со интервенција на полицијата за да го спречи можното ширење на корона […]

Словенија: Партијата на Јанша најпопуларна, но поддршката постојано паѓа


Владејачката Словенечка демократска партија (СДС) продолжува да води на политичкиот терен во последната анкета нарачана од весникот „Дело“, но губи во популарноста втор месец по ред. Партијата ЛМШ на екс-премиерот Марјан Шарец и партијата ДеСУС на аспирантскиот мандатар Карл Ерјавец исто така имаат пад во популарноста, поради растечкото незадоволство од гласачите. Во анкетата на СДС […]

Премиерот и неколку министри расправаа за извештајот на УНЕСКО


Нацрт извештајот на УНЕСКО е силен аларм за состојбата во Охридскиот регион, потребно е највисоко ниво на ангажираност за отстранување на сите ризици кои го загрозуваат Охридското Езеро, е посочено на координативниот состанок на премиерот Зоран Заев со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за култура, за животна средина и просторно планирање и за […]

ЕК ги предупредува земјите-членки да не се обидуваат сами да ја набавуваат вакцината


Белгија– Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес денеска ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не се обидуваат да склучат одделни договори за набавка на вакцини, бидејќи тие со заеднички договор го пренеле тоа право на Комисијата. – Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцини на […]

Кинеските газди го продаваат Интер на англиски инвестициски фонд


Италија– Интер најдоцна до крајот на оваа сезона ќе има нов сопственик, откако соочена со големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, кинеската групација Сунинг Холдинг (Suning Holdings Group) веќе почна преговори за продажба на италијанскиот прволигаш. Според италијанскиот весник „Ла Стампа“, „Сунинг“ е во напредна фаза на преговори со англискиот инвестициски фонд „БиСиЦ Партнерс(BC Partners)“ […]

Синот на Петар Наумовски потпиша за МЗТ Скопје


Шампионот МЗТ Скопје Аеродром потпиша денеска договор со талентираниот Михаил Наумовски, син на еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња Петар Наумовски. Седумнаесетгодишниот Михаил (205 см) дојде во редовите на македонскиот кошаркарски првак од белградска Црвена Звезда. – Ќе дадам сè од себе да ја оправдам дадената шанса и да го пренесам знаењето и искуство […]