СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги испровоцирала тензиите во Вевчани

Фото: Б. Грданоски
Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје, реагираа од СДСМ на обвинувањата од опозицијата дека специјалци насилно растерувале учесници на карневалот поради непочитување на мерките за пандемијата.

-Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето. ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвика инцидент а преку порталите под контрола на белиот дворец се обидува да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат. Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност, провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа, порачаа од СДСМ.

Тие апелираа до сите граѓани да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.