Пад на продажбата на возилата на „Фолксваген“ за 15,2 отсто во 2020 година


Продажбата на автомобили на германската компанија „Фолксваген“ опадна за 15,2 отсто во 2020 година, на светско ниво. Главна причина за тоа е пандемијата на коронавирусот. Компанијата соопшти дека продажбата значително се подобри кон крајот на годината и дека бројот на продадени електрични возила е зголемен за трипати.

Кина регистрира најголем скок на новозаразени со Ковид-19 од март минатата година


Кина го регистрира најголемиот скок во бројот на нозозаразени во пандемијата со коронавирусот во изминатите десет месеци, бидејќи бројот на заразени со Ковид-19 лица во североисточна провинција Хејлонџајанг минатата недела речиси тројно е зголемен, со што се зголемија и стравувањата кај здравствените работници пред големиот празник, Кинеска нова година, што се слави на 12 февруари. […]

Студија: Микроорганизмите во телото на човекот влијаат врз тежината на ковид симптомите


Кинеските научници од Универзитетот  во Хонг Конг објавија дека некои микроорганизми во системот за варање влијаат на одговорот на имунолошкиот систем на човекот и на тежината на болеста кај заразените лица со Ковид-19. – Познато е дека заболените од Ковид-19 во својот гастро-интестинален тракт немаат некои добри бактерии, кои се познати како регулатори и стимулатори […]

СЗО: Во 46 богати земји од светот досега поделени 28 милиони вакцини


Од почетокот на дистрибуцијата на вакцините низ светот за 36 дена досега се подадени околу 28 милиони дози од вакцините за коронавирус во 46, претежно богати земји во светот, изјави претставникот на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан. И покрај фактот дека во светот почна вакцинацијата против Ковид-19, Рајан изрази загриженост за брзото ширење на […]

Меконел одби Сенатот вонредно да одлучува за импичментот за Трамп


Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, сенаторот Мич Меконел, го отфрли барањето на демократите во петок, на вонредна седница на Горниот дом на Конгресот, да се потврди импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп изгласан од на мнозинството во Претставничкиот дом. Во соопштението од канцеларијата на сенаторот Меконел се наведува дека лидерот на демократското малцинство во […]

Пелоси го потпиша решението за импичментот на Трамп во Претставничкиот дом


По синоќешното гласање за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп во Претставничкиот дом на САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, повтори дека претседателот е отповикан затоа што поттикнуваше на бунт и оцени дека тоа претставува „актуелна закана за нацијата“. Пелоси потоа пред новинарите ја потпиша одлуката на Долниот дом на Конгресот за отповикување на […]

Османи во Атина на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе оствари работна посета на Грција, на покана на неговиот домаќин, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, а ќе се сретне и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за надворешни работи, надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис. Претпладнево, шефот на дипломатијата ќе […]

Германија ја реафирмира поддршката за преговори на ЕУ со С Македонија, Софија бара смирување на емоциите


Германија ја реафирмираше поддршката за отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија со ЕУ. Бугарија пак со порака да се смират емоциите на релација Софија – Скопје и да се најде решение, за што е неопходно враќање на довербата. но и со укажување дека илузорно е да се верува оти евентуална смена на власта […]

Трамп повторно силно го осуди насилството во Капитол, но не кажа ниту збор за импичментот


Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, синоќа, по гласањето за отповикување во Претставничкиот дом, повторно го осуди минатонеделното насилство во Капитол и рече дека сите што учествувале во немирите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Трамп, чии налози се блокирани на сите важни социјални мрежи, се обрати преку видео порака на профилот на Белата […]

Предлог-законот за попис во фокусот на партиите и пратениците


Предлог- законот за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка вчера беше во фокусот на партиите. Пратениците ја почна расправата за овој Предлог-закон, а дебатата ќе продолжи денеска на пладне, за кога е закажано продолжението на 29-та седница. Овој Предлог-закон го образложи заменик-министерот за правда Агим Нухиу, […]

Се намалува бројот на заразени и починати од Ковид-19, матичните лекари добија протокол за лекување со Ивермектин


Ивермектинот станува достапен за македонските граѓани и веќе го има во аптеките иако не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Исто така, стручниот колегиум на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај […]

Претежно облачно и студено, попладне нови врнежи од снег


Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно и студено, попладне и во вечерните часови ќе има нови врнежи од снег, позастапени и пообилни во западните делови. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе […]

Претставничкиот дом по втор пат изгласа импичмент за Трамп


Мнозинството од американскиот Претставнички дом гласаше за импичмент на претседателот Доналд Трамп по втор пат, само една недела откако тој ги охрабри лојалистите „да се борат како пекол“ против резултатите од изборите – говор што го следеше толпа негови приврзаници кои упаднаа во Капитолот на САД. Гласањето во Претставничкиот дом беше за членот за импичмент […]

Дендијас во Португалија разговарал за проширувањето на ЕУ


На еден ден пред средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар османи, грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Дендијас, беше во посети на Рим и Лисабон за да разговара за приоритети на ЕУ во наредниот период, за борбата против корона вирусот, за напнатоста во источниот Медитеран, мигрантите и за проширувањето на Унијата кон Западен Балкан. […]

Принцот Чарлс покажа импресивнo знаење на францускиот јазик во ново видео


Седумдесет и две годишниот кралски благородник ги покажа своите импресивни вештини за странски јазик во понеделникот. Принцот Чарлс виртуелно му се придружи на претседателот на Франција Емануел Макрон на Самитот на една планета, каде говореше на француски јазик. Неговата порака беше преведена како: „Најмногу сум трогнат што сум поканет да се придружам на сите вас, […]

Оскаровецот Том Хенкс ќе ја води свечената програма на инаугурацијата на Бајден


САД – Оскаровецот Том Хенкс ќе биде домаќин на свечената програма на 20 јануари, на денот на инаугурацијата на Џо Бајден, објавија организаторите на овој настан. Во специјалната емисија, која ќе трае 90 минути и ќе се вика „Ја славиме Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми […]

Италија неочекувано влезе во политичка криза откако партијата на Ренци излезе од владата


Италија се втурна во хаос откако поранешниот премиер Матео Ренци ја повлече својата партија Италија вива од владејачката коалиција во земјата во голема мерка непопуларен потег што може да заврши со нови избори. Политичкото топење, кое го остава премиерот Ѓузепе Конте без парламентарно мнозинство, доаѓа во најлошото можно време за Италија, бидејќи се бори да […]

Велешката „фабрика“ се вклучува во изборот на Бојко Борисов?


Вкупно 9.839 евра. Толку платиле две веб-страници за реклами на Фејсбук во корист на премиерот Бојко Борисов  за нешто помалку од три месеци. Интересно е што меѓу модераторите на страниците има и Македонци. По скандалите со политичките реклами при изборот на Доналд Трамп и околу Брегзит, Фејсбук ја лансираше алатката „Библиотека со реклами“. Во неа […]

Мекарти: Трамп е одговорен за нападот на Капитол


Лидерот на Републиканците во американскиот Претставнички дом Кевин Мекарти, на денешната расправа за импичмент на претседателот, оцени дека Доналд Трамп е одговорен за нападот врз Капитол, но и дека неговото отповикување би било грешка. – Претседателот е одговорен за нападот на толпата врз Капитол. Тој напад беше недемократски, не-американски и криминален, рече Мекарти. Сепак, тој вели […]

Како изгледа кога војската ќе влезе во Капитол, првпат по Граѓанската војна


Денешното заседавање на Претставничкиот дом го следи огромно обезбедување, а припадниците на Националната гарда влегоа во Кпнгресот прв пат по Граѓанската војна во САД. Зградата на Каптол е полна војници под полна воена опрема, а социјалните мрежи се полни со фотографии како војниците лежат на подот, некои спијат, некои гледаат во мобилните телефони. Troops quartered […]