Вакцините станаа алатка за политичка борба – граѓаните ги чекаат, елитата се вакцинира


Вакцините станаа алатка на политичка борба, нив  сè уште ги чекаат жителите на Источна Европа, но елитата се вакцинира нелегално, анализира денес Литванското државно радио . Откако бугарските медиуми објавија дека пратеници од владеечките партии се вакцинирале преку ред затоа што наводно медицинските лица што биле на списокот не се појавиле, а вакцините не можат […]

Работниците кои работат од дома треба подобро да се заштитат, оценува Меѓународната организација на трудот


Потребна е поголема заштита за работниците кои работат од дома, а чиј број значително се зголеми по ширењето на пандемијата предизвикана од Ковид -19, оценува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во најновиот извештај. Според МОТ, драстичниот пораст на работењето од дома ги истакнал лошите работни услови со кои се соочуваат работниците кои работат од дома. […]

Растот на кинескиот извоз во декември над очекувањата на економистите


Кинескиот извоз во декември пораснал над сите очекувања, покажуваат денеска објавените податоци на Царината, бидејќи нарушувањето во снабдувањето во светот предизвикано од пандемијата на коронавирусот ја зголеми побарувачката за кинески производи, иако зајакнувањето на јуанот ги поскапи странските пратки. Силното домашно економско закрепнување минатиот месец ги зголеми и кинеските апетити за купување странски производи, покажуваат […]

Најстарата позната пештерска слика во светот пронајдена во Индонезија


Сликата на дива свиња направена пред најмалку 45.500 години дава најрани докази за населување на луѓето   Археолозите ја открија најстарата пештерна слика во светот: слика на дива свиња во природна големина, направена пред најмалку 45.500 години во Индонезија. Наодот, опишан во списанието Science Advances во средата, ги дава најраните докази за населувањето на луѓето […]

РСБСП: Новини во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со појаснување на најновите измени на Законот за за безбеденост на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) кои веќе стапија во сила. Во прв план, како што појаснуваат од РСБСП, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата се усогласува со Законот за прекршоци со што во голем дел […]

Затворен угостителски објект во Тетовско, работел три часа по дозволеното време


Во тетовски Горни Челопек полицијата поради непостапување по прописи за време на епидемијата приведе сопственик на угостителски објект. Контролата била спроведена во 20.40 часот, по што објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат Тетово. -По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане извршиле контрола во угостителски објект во село Горни Челопек, сопственост […]

Истражување: Вакцината нуди подобра заштита за лицата кои прележале Ковид-19


Лица кои прележале Ковид-19 имаат пет месеци поголема заштита од реинфекција отколку лица кои само ја примиле вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека, а истото важи и за вакцината на „Фајзер“, соопшти англиската Национална јавна здравствена служба (PHE). Податоците од истражувањето „PHE Siren“, кое го следи здравјето на повеќе од 20.000 медицински лица во повеќе од 100 […]

Разголена манекенка стана почесен конзул во Бугарија


Откако Софија побара Орце Камчев да биде почесен конзул на Бугарија во Македонија, но нашата влада не го дозволи тоа, уште еден конзулски скандал ја тресе оваа соседна држава, кој покажува на кое ниво се одвива бугарската политика и со какви средства се штитат одредени луѓе од евентуален прогон за корупција. Сите бугарски медиуми овие […]

Дел од Кисела Вода денеска без вода, а утре без струја


Поради уличен дефект Ф-150 милиметри на улица „Чедомир Кантарџиев“ 3, без вода ќе бидат корисниците од оваа  и дел од улицата „Наум Охридски“ во Општина Кисела Вода. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато во текот на денот поточно од 09:30 часот, па се до отсранувањето на дефектот.  […]

Македонските ракометари вечер против Шведска ќе го имаат својот прв настап на СП 2021


Македонската ракометна репрезентација вечер од 20.30 часот ќе се сретне со Шведска во 1. коло од Г-групата на Светското првенство во Египет. Избраниците на селекторот Данило Брестовац право за настап на Мундијалот добија по откажувањето на чешката репрезентација и во Каиро пристигнаа на само еден ден пред натпреварот. Сепак, од таборот на нашата репрезентација се […]

Директорот на Твитер, за одлуката на Твитер: Правилна, но опасна


  Извршниот директор на Твитер Џек Дорси се огласи прв пат по забраната на налогот на американскиот претседател Доналд Трамп на оваа мрежа. Рече дека одлуката била исправна, која може да има долгорочни негативни последици. „Не сум горд на забраната на налогот на Доналд Трамп ниту како дојдовме до тоа. По јасното предупредување дека ќе […]

Во Хонг Конг уапсени 11 лица поради помагање во бегство


Полицијата на Хонг Конг уапси 11 лица под сомнение дека минатата година и помогнала на група од 12 активисти да побегнат од градот, објавија денеска локалните медиуми. Групата планирала бегство во Тајван, а уапсените се на возраст од 18 до 72 години, од кои осуммина се мажи и три жени. Меѓу приведените е и адвокатот […]

Бајден во Ралф Лорен на денот на инаугурацијата


САД- Во текот на скоро половина век јавна служба, кога станува збор за стилот на облекување, новоизбраниот претседател Џо Бајден избираше неми сини одела и класични вратоврски, ама секогаш во елегантно издание. И со Реј-Бан очила како заштитен знак. Како и да е, на Денот на инаугурацијата, Бајден може да се потпре на дизајнерот од […]

Покетино за првиот трофеј со ПСЖ: Ова е само почеток


Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше синоќешната победа (2:1) на мечот за Суперкупот на Франција против Марсеј. Трофејот освоен во Ленс беше прв за Аргентинецот како предводник на на парискиот клуб. – Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам […]

Во Словенија рестиктивните мерки продолжени до 22 јануари


Поголемиот број постоечки епидемиолошки мерки, што се во сила речиси три месеци во Словенија, ќе бидат продолжени до 22 јануари, одлучи словенечката Влада. Единствена поголема измена е продолжување на формалната состојба на епидемија во земјата за 60 дена. Изменети се и правилата за лицата кои живеат во пограничната зона и имаат земјиште од двете страни […]

Харден го напушти Хјустон и замина во Бруклин


Најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден, кариерата ќе ја продолжи во Бруклин. Според НБА инсајдерот Шемс Харанија, клубовите се договориле за трансфер на 31-годишниот Американец. Индијана и Кливленд исто така се вклучени во зделката која содржи голем број размени и права на избор на драфтот. Ѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари, за трансферот на Харден […]

Македонски артефакти и икони на нелегалните пазари во Азија


Над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија. Ако досега завршуваа на црните пазари во Западна Европа, последниве години крајната дестинација им е Азија Дваесетина украдени икони веќе неколку години фаќаат прашина во витрините во два музеи во Албанија, чекајќи тамошните власти да донесат одлука за нивната судбина. Станува збор за непроценливо историско […]

Во САД во последните 24 часа умреле 4.336 лица, убедливо најмногу од почетокот на пандемијата


Во претходните 24 часа во САД се регистрирани 4.336 смртни случаи од коронавирус, што е најголем дневен биланс на смртни случаи откако лани беше прогласена пандемијата. Вкупниот број на смртни случаи кај пациенти со Ковид-19 сега изнесува 380.524, од 22,7 милиони потврдени инфекции со коронавирус во САД, јавуваат британските медиуми. САД се наоѓаат убеделиво на […]

Американските регулатори бараат „Тесла“ да повлече 158.000 автомобили поради дефект


Американските регулатори побараа од „Тесла“ да повлече 158.000 возила во САД поради дефект околу безбедноста. Властите нагласија дека дефектот е пронајден кај автомобилите на „Тесла модел С“ од периодот 2012-2018 година и кај „Модел икс-ес“ – 2016-2018 година. Националната управа за безбедност на сообраќајот на патиштата во писмото наведува дека проблем со контролната табла на […]

Песимистичка прогноза на директорот на „Модерна“: Ќе живееме со коронавирусот, мислам засекогаш


Стефан Бансел, извршниот директор на американската компанијата „Модерна“,која произведува вакцина против коронавирусот, вели дека САРС-КоВ-2 нема да оди никаде, дека ќе биде тука, меѓу нас. Многу водечки здравствени службеници веруваат дека постои голема веројатност Ковид-19 да стане ендемска болест, односно дека ќе биде трајно присутна меѓу нас, но веројатно со многу пониски нивоа на инфекција […]