Египет го совлада Чиле во премиерата на СП во ракомет


Домаќинот Египет славеше над Чиле со 35:29 (18:11) во премиерниот натпревар на Светското првенство во ракомет, што вечерва официјално започна во Каиро.

Египет го контролираше резултатот од самиот почеток и во ниту еден момент не дозволи победата да биде доведена во прашање.

Во вториот натпревар во Г-групата, македонската репрезентација утре од 20:30 часот ќе игра против Шведска.