Уникатен бизнис: Го плаќаат да не работи ништо


Jапонец, кој заработува за живот така што го ангажираат луѓе за да не прави ништо, собра илјадници клиенти, како и еден куп следбеници на Интернет. За 10.000 јени (околу 100 УСД), плус патни трошоци и цени на оброците, секој може да го ангажира Шоџи Моримото (37) од Токио, но тој нема да стори ништо друго […]

Во Србија за вакцинација се пријавиле 324.728 лица, 40 отсто ја сакаат „Спутник V“


Србија– Во Србија досега за вакцинација се имаат пријавено 324.728 граѓани, од кои 40 отсто се изјасниле дека сакаат да ја примат руската вакцина „Спутник V“, додека вакцината на компанијата „Фајзер“ сакаат да ја примат 28 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. – Повеќето граѓани кои аплицираа за вакцинација ја сакаат руската вакцина „Спутник […]

Видео: 12 минути што го покажуваат хаосот во Капитол


Реномираното списание „Њујоркер“ во неделата објави 12 минути нови, надреални снимки од внатрешноста на Капитол за време на дивеењето на толпата, во кое загинаа пет лица на почетокот на овој месец. Репортерот Лук Могелсон ги следеше приврзаниците на Трамп додека насилно влегоа во американскиот Капитол, користејќи ја камерата на неговиот телефон како новинарски бележник. Целиот […]

Потпретседателката Камала Харис денеска поднесува оставка во Сенатот 


САД– Избраниот потпретседател на САД, Камала Харис, денеска поднесува оставка од своето пратеничко место во Сенатот, два дена пред нејзината и на избраниот претседател, Џо Бајден,  инаугурација за изршување на двете врвни политички функции.  Советници на демократската сенаторка од Калифорнија потврдија дека оставката таа ја поднесува денеска, и изјавија дека гувернерот Гавин Њусам е запознат со […]

ОБСЕ го осуди апсењето на Навални


Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска го осуди апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Официјални лица од Комитетот за парламентарно собрание на ОБСЕ за демократија, човекови права и хуманитарни работи во заедничката изјава наведуваат  дека Навални, откако преживеал обид за атентат и бројни политички мотивирани апсења во Русија, […]

ЕК: Земјите-членки на ЕУ да го следат геномот на коронавирусот


Европската комисија ги повика земјите-членки на ЕУ да направат повеќе за да го следат геномот на коронавирусот, со цел брзо откривање на мутациите, изјави денеска европскиот комесар за здравство, Стела Киријакидес. – Итно треба да извршиме повеќе геномско секвенционирање во ЕУ за да ги идентификуваме варијантите и да разменуваме информации едни со други. Тоа е критично, рече таа. […]

Густ чад се крева од зад зградата на американскиот Капитол


Густ облак од чад се крева од позади зградата на американскиот Капитол во Вашингтон, а објектот во кој се наоѓаат Конгресот и Сенатот веднаш е затворен. Ен-Би-Си Њуз известува дека на луѓето кои се наоѓале во зградата им била испратена порака да се „држат понастрана од надворешните прозорци“ или да „бараат засолниште“ доколку се наоѓаат […]

За Водици ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред


Утре, вторник (19.01.2021 год), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 […]

Нови 63 случаи на коронавирусот од 529 тестирања, 13 починати и 176 оздравени


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 529 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на коронавирусот. Починати се 13 лица, а 176 оздравени. Од новозаразените, од Скопје се 42, Куманово-3, Тетово-2, Прилеп-2, Гостивар-1, Штип-1, Битола-1, Велес-2, Охрид-1, Струмица-2, Кавадарци-1, Неготино-1, Виница-1, Пробиштип-2, Крушево-1. Починати се 13 лица, пет пациенти од […]

За Водици со зголемени активности на полицијата, најави Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до верските заедници и граѓаните да ги почитуваат мерките за претстојниот празник Водици. Како што рече денеска на прес-конференцијата во МВР, утре, за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности. Организирани се со посебни планови за да се спречат собирања, а разговарано е и […]

По исповедта на Милена Радуловиќ: Можеби таа досега молчела заради тебе


Живееме во општество на молчење. Ги учиме децата да не им се спротивставуваат на авторитетите, премолчуваме изживувања на шефови и политичари, соседи кои си ги тепаат сопругите… И потоа ја прашуваме неа зошто молчела Милена Радуловиќ прозборе и не е сама. Уште четири колешки од актерската школа пријавија во полиција дека ги силувал или сексуално […]

Џон Леџенд и Брус Спрингстин ќе пеат на инаугурацијата на Бајден. Трамп се задоволи со кантри пејачи


САД- Пред четири години, Доналд Трамп се бореше да донесе големи музички ѕвезди за неговата инагурација како претседател. Селин Дион, Елтон Џон,„Кис“ и други уметници, наводно, го одбиле, но тој сепак се задоволи со хорот Мормон Табернакул, кантри пејачот Тоби Кит и рок-групата 3 Дорс Даун за свеченоста. Овој пат, за заклетвата на Џо Бајден, […]

На Навални му е одреден притвор до 15 февруари


Судот во Москва му одреди притвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 15 февруари, изјави денеска адвокатот Вадим Кобзев. – Судот во Химки му одреди притвор на Навални до 15 февруари, истакна Кобзев. Навални е уапсен вчера на аеродромот Шереметјево, веднаш откако пристигнал од Германија, со образложение дека ја прекршил условната казна. Рускиот опозициски […]

Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули


Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, порача дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Закариаш за МИА порача дека проширувањето на […]

ЕУ без конкретен одговор кога ќе пристигнат ветените вакцини на Западен Балкан


Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, не беше во можност да каже кога Северна Македонија и другите земји во регионот ќе ги добијат вакцините против Ковид-19 ветени од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефчович повтори дека Европската Комисија и земјите членки го “поддржуваат“ и “стојат во солидарност“ со Западниот Балкан, како и со […]

Полицајците ќе вежбаат на Пониква, патот ќе биде затворен


СВР Штип ги известува граѓаните дека на 19.01.2021  (вторник) во периодот од 8 до 16 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР, сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин. СВР Штип апелира до […]

Зошто полицијата не казнуваше за неносење маски на скијалиштето во Нижеполе?


Од битолската полиција велат дека тие само го регулирале сообраќајот, а немало поплаки и пријави за неносење маски   Анета Блажевска БИТОЛА – Полицијата вчера го регулираше сообраќајот на Пелистер, кон ски-центрите „Нижеполе“ и „Копанки“, но за неносење на маски не казнуваше. Бурни реакции предизвикаа во јавноста некои фотографии од скицентарот „Нижеполе“ во Битола, каде […]

(Фото, видео) НАСА и роверот „Љубопитност“ 3.000 дена на Марс


Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА одбележува 3.000 дена откако роверот „Љубопитност“ (Curiosity), слета на Марс, на 6 август 2012 година. Во чест на настанот, НАСА минатата недела објави тнр. панорамска фотографија од Црвената планета, направена од роверот на 18 ноември 2020 година – 2.946-тиот ден. Снимката се состои од 122 посебни кадри од околината на роверот. […]

Мицкоски на средба со Орбан и Сијарто во Будимпешта


 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Александар Николоски во Будимпешта денеска имаа средба со премиерот на Унгарија и претседател на партијата Фидес Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. На средбата Мицкоски зборувал за блокираните европски интеграции и побарал помош од Унгарија и севкупна поддршка […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев сменил член на историската комисија со Бугарија


Заев сменил член на историската комисија кој преговара со бугарската страна. Дали со ова врши директен притисок како тие во иднина да  одлучуваат и ги елиминира тие што му даваат отпор?- праша денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“.  -Она што е загрижувачки е тоа што Заев по линијата на помал […]