На Навални му е одреден притвор до 15 февруари


Судот во Москва му одреди притвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални до 15 февруари, изјави денеска адвокатот Вадим Кобзев.

– Судот во Химки му одреди притвор на Навални до 15 февруари, истакна Кобзев.

Навални е уапсен вчера на аеродромот Шереметјево, веднаш откако пристигнал од Германија, со образложение дека ја прекршил условната казна.

Рускиот опозициски лидер е ставен на потерница на 29 ноември минатата година.

Судското рочиште е закажано за 29 јануари, кога ќе се утврди дали условната казна ќе биде изменета.