ОБСЕ го осуди апсењето на Навални


Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска го осуди апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Официјални лица од Комитетот за парламентарно собрание на ОБСЕ за демократија, човекови права и хуманитарни работи во заедничката изјава наведуваат  дека Навални, откако преживеал обид за атентат и бројни политички мотивирани апсења во Русија, за жал и натаму е изложен на неволји и сега се соочува со казна од 13 години затвор.

„Апсењето на Навални по неговото враќање од Берлин во Москва е недозволиво. Политичките неистомисленици на која било влада членка на ОБСЕ мора да имаат право да ги искажат своите ставови. Ги повикуваме (руските) власти да ги почитуваат своите обврски во рамките на ОБСЕ и Европската конвенција за човекови права и запирање на политички мотивирано гонење. За политичката програма на Навални треба да гласаат гласачите, а не обвинителите“, се наведува во соопштението на официјалниот претставник на ОБСЕ.