ЕК: Земјите-членки на ЕУ да го следат геномот на коронавирусот


Европската комисија ги повика земјите-членки на ЕУ да направат повеќе за да го следат геномот на коронавирусот, со цел брзо откривање на мутациите, изјави денеска европскиот комесар за здравство, Стела Киријакидес.

– Итно треба да извршиме повеќе геномско секвенционирање во ЕУ за да ги идентификуваме варијантите и да разменуваме информации едни со други. Тоа е критично, рече таа.

Повеќето земји од ЕУ досега направија малку или воопшто не направија секвенционирање, што значи дека ако се развијат поопасни варијанти меѓу нивната популација, тешко дека ќе бидат идентификувани.

– Подготвени сме активно да ги поддржуваме нашите земји-членки, експертиза, инфраструктура и финансиски ресурси со цел да ги зголемиме капацитетите во ЕУ, рече Киријакидес.

Предлозите ќе бидат дел од новиот документ за политика за Ковид-19 што Европската комисија ќе го објави утре пред телеконференцијата на лидерите на ЕУ во четврток, соопштија официјални претставници на ЕУ.

Сите главни варијанти досега се пронајдени надвор од ЕУ, во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, иако тоа не значи дека тие нужно се развиле во земјите каде што биле први забележани