Доналд Трамп започнува нов живот на Флорида. На Њујорк му олесна


САД– Кога Доналд Трамп ќе ја напушта Белата куќа на 20 јануари, извештаите покажуваат дека тој нема да се врати во родниот град Њујорк, туку ќе престојува во неговиот дом Мар-а-Лаго во јужна Флорида. Навистина, Трамп формално го смени своето живеалиште во есента 2019 година. Навидум трајното заминување на Трамп во државата која ја сакаат […]

Навални: Тоа што ми се случува е потсмевање со правдата


 Во моментов најпознатиот руски опозиционер, Алексеј Навални, кој синоќа беше приведен на аеродром при враќањето од лекувае од Германија, денеска изјави дека односот кон него е „потсмевање со правдата“, бидејќи е соочен со набрзина организирано судење, јавија француските медиуми. Во услови на зголемени повици од целиот свет за ослободување на Навални, тој денеска беше одведен […]

Сертификатот за вакцинација пожелен, но не и задолжителен за Грција


Сертификатот за вакцинација е за лицата кои сакаат да имаат потврда и да покажат дека се вакцинирани и да не прават тест, а со тоа да се намали бирократијата при патувањата, рече портпаролот на грчката Влада Христос Тарандилис на денешниот редовен брифинг со новинарите, во однос на предлогот на Грција, ЕУ да воведе сертификат за […]

Дарко Каевски позитивен на корона вирус


Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски е позитивен на корона вирусот. Веста на социјалните мрежи ја објави самиот Каевски, кој вели дека се чувствува добро. – Другари и другарки, по првичните благи симптоми кои ги имав во петокот направив брз тест кој што беше негативен, но и покрај тоа направив уште еден ПЦР тест за Ковид-19 […]

Еден позитивен пратеник, еден чека резултати од тест, Собранието не може да одржи седница поради неприсуство на опозицијата


 Еден пратеник од владејачкото мнозинство е позитивен на коронавирус, а уште еден е тестиран и за него се чекаат резултати. Ова, како што појасни координаторот на СДСМ Јован Митрески на почетокот на 30-тата седницата за која се уште не е утврден дневниот ред, е причината поради која во Собранието не може да се обезбеди кворум […]

Мијалков: Никогаш не сум дал наредба за прислушување!


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, денеска во првото сведочење за незаконското прислушвање, рече дека никогаш и никому не му дал наредба да врши преслушување. „Тоа не е точно, јас не сум имал можност и привилегија да давам такви наредби. Никогаш никому, ни писмено но усно, сум дал наредба да изврши какво било дејствие во […]

Вакцинирани пратениците во хрватскиот Сабор


  Пратениците во Саборот на Хрватска денеска во 13 часот почнаа со процесот на вакцинација, а според најавите 51 пратеник ќе бидат вакцинирани. Меѓу првите вакцина прими членот на ХДЗ, Јосип Џакиќ, кој рече дека иако преболел тежок облик на корона вирус, со оглед на неговата старот, во консултација со лекарите било одлучено да прими […]

Продолжуваат протестите во повеќе градови низ Тунис, досега уапени над 600 лица


Повеќе од 600 лица се уапсени по третата ноќ по ред на протестите во повеќето туниски градови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Портпаролот на министерството, Калед Хајуни, изјави дека се уапсени 632 лица, главно на возраст меѓу 15 и 25 години, за „палење гуми и канти за отпадоци за да се нарушат безбедносните сили“, […]

Сакаме применлив закон и заштита на животната средина – Бектеши за повлечениот Предлог – закон за минерални суровини


За нас е најважно сите засегнати страни да бидат вклучени во изработката на новиот Предлог-закон за минерални суровини зашто на таков начин мислам дека може да имаме подобар текст кој ќе биде применлив и воедно да ја заштитиме животната средина во нашата држава, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Имајќи во предвид дека во […]

Ново „затворање“ во Австрија, Владата бара поголемо растојание меѓу луѓето и одреден тип маски


Австриските власти по третпат го продолжија целосното затворање на земјата, кое ќе важи до 7 февруари 2021 година, соопшти Министерството за надворешни работи. Воведени се нови мерки – растојанието што треба да се почитува меѓу граѓаните е зголемено на 2 метра, а од 25 јануари 2021 година во малопродажните места ќе биде задолжително да се […]

Кои се најдобрите работни места за 2021 година


Годишното рангирање на најдобрите работни места се заснова на платата, рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и нивото на стрес   Може ли да имате работа од која сте многу задоволни, а во исто време да имате шестцифрена плата? Да, ако изберете паметно. Многу од извештаите објавени претходните денови имаат еден заеднички заклучок, а тоа […]

Заев до градоначалникот на Лозово: Не изигрувај шериф


Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа. -Првиот пат коа беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и тој ми […]

МЗ: Стигнаа дел од фрижидерите за чување на вакцините


Министрите за здравство Венко Филипче и неговиот српски колега Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“, кои Србија ќе и ги даде на државава, соопшти Министерството за здравство. Добивањето на вакцините, како што се посочува, е договорено во директен разговор меѓу премиерот Зоран […]

Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на телефон додека возел на патот Куманово-Скопје


Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, соопшти МВР. Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и […]

Блажевата 2021 започнува со зимска онлајн школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), како една од релевантните институции што се дел од националната платформа за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, ја почне новата или Блажевата 2021 со новини токму во чест на тоа одбележување. Иницијативата за националната […]

До среда ведро и студено, во четврток снег


Ведро и особено студено во утринските часови ќе биде времето до среда, проследено со слаб до умерен северен ветер, информираат од УХМР. Од среда ќе почне да дува јужен ветер, а од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во чеврток преку денот во западите делови на планините ќе има услови […]

Горивата поскапи за денар до 1,5 денари по литар


 – Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден […]

Средба Силвестри – Ангеловска-Бежоска: Важно е одржување на независноста на централната банка


Улогата и независноста на централните банки, особено во вакви кризни времиња е многу важна, порачал италијанскиот амбасадор, Андреа Силвестри на средбата со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Амбасадорот Силвестри, како што наведува Народната банка во соопштението до медиумите, изрази задоволство од активностите и мерките коишто се преземени од страна на НБ во справувањето со економските […]

Си-Ен-Ен: Меланија ја напушта Белата Куќа со најмала популарност


САД – Првата дама на САД Меланија Трамп ќе ја напушти Белата куќа со најмала популарност од почетокот на нејзиниот мандат, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на свое истражување. Од февруари 2016 година, кога почна следењето на нејзиниот рејтинг во јавноста, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, има најмала популарност, па 42 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат позитивен […]

Бектеши очекува продолжување на работното време на угостителите до 23 часот


Од 21 јануари најверојатно ќе има продолжување на работното време за угостителите и по 21 часот, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Бектеши истакна дека не се работи за нови протоколи, а до кога ќе биде продолжувањето на работното време ќе зависи од Комисијата за заразни […]