Најавени нови програми за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и домаќинствата


Министерството за економија и годинава ќе реализира неколку програми за поддршка на индустријата, иновативноста, занаетчиството, туризмот и домаќинствата, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, за Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво обезбедени се 68,8 милиони денари, а за Програмата за промоција на обновливите извори на енергија […]

Српски адвокати ќе ја поднесат првата тужба за отштета од НАТО во име на болни од рак


Адвокатска канцеларија  од Ниш ќе ја поднесе првата тужба за надомест на штета против Северноатлантската алијанса (НАТО), во име на пациентите со рак, како последица на бомбардирањето на Србија со осиромашен ураниум во 1999 година, јави Танјуг. Првата тужба ќе биде поднесена до Високиот суд во Белград, изјави адвокатот Срѓан Алексиќ за Танјуг. Потоа, следуваат […]

Заев чека извинување од Божиновски


 Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред се на лични чувства, а после тоа дури и на политичката  функција која што ја извршувате еден ден треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, […]

Заев: До изборите во Бугарија фокус на Акцискиот план, потоа политички преговори


За деталите од размената на идеи меѓу работните групи и  министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, за нонпејперот, нашето последно размислување кон соседната земја, но и нивната реакција која следеше како одоговор на нашиот Акциски план веројатно ќе бидат информирани пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика. Ова денеска го изјави премиерот […]

Откриена мутација на корона вирусот што може повторно да ги зарази оние кои веќе прележале КОВИД-19


Студија објавена во научниот репозиориј bioRxiv откри дека новиот јужноафрикански вид SARS-CoV-2, 501Y.V2, кој се карактеризира со повеќе мутации, може да избегне неутрализирање на моментално присутните антитела од првиот бран и потенцијално повторно да ги инфицира пациентите кои веќе закрепнале од КОВИД-19   Со оглед на тоа што се појавуваат многу варијанти на вирусот САРС-КоВ-2 […]

СЗО шокирано: Катастрофален морален пад со  дистрибуцијата на вакцините


Светот е на праг на катастрофален морален пад со дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Тој ги повика државите и производителите поправедно да дистрибуираат вакцини низ целиот свет. – Не само што овој пристап – „прво јас“ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е […]

Приведен претседателот на општина Улцињ поради партиски вработувања


Пет лица се приведени на сослушување, меѓу кои и претседателот на општината Улцињ, Љоро Нрекиќ, по налог на Основното државно обвинителство во градот, потврдиле извори за агенцијата Бета.Нрекиќ бил приведен под сомнение за партиски вработувања. Освен Нрекиќ, на сослушување се и Сеад Османовиќ, секретар на Секретаријатот за финансии на општина Улцињ, Мустафа Горана, секретар на Секретаријатот за комунални активности […]

Забелешки за новата образовна реформа до 20 јануари


Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за предложената нацрт- концепција за основно образование. Во текот на оваа недела секој ден се организираат средби и дебати со различни групи а целта е преку овој широк консултативен процес да се донесе образовна реформа […]

ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот


Европската унија планира да се бори против „владеењето на доларот“ на светските пазари, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на извори во Европската комисија. „Светските финансиски пазари се премногу зависни од доларот“, се вели во еден од документите цитирани од новинарите на ФТ. Според авторите на статијата, прашањето за зависност од доларот и проектот за […]

Австрија, Данска и Грција бараат „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека


Данска, Грција и Австрија ќе побараат од Европската агенција за лекови (ЕМА) брзо и „небирократско“ одобрување на вакцината на АстраЗенека, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој рече дека е договорена заедничка акција со премиерите на Данска и Грција. – АстраЗенека е вакцина што ја развиваат познати експерти, ЕМА ги има сите информации за таа […]

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини


Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите откри дека Србија се согласила да помогне со 8.000 вакцини од „Фајзер“. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се понудил да ги донира вакцините, но Заев рекол дека ќе ги платиме по набавна цена. „Имам чест да соопштам една добра вест. Србија преку претседателот Вучиќ понудија помош, и ние ја […]

Италијанските пратеници гласаат за доверба на Владата


Италијанските пратеници во Претставничкиот дом денеска ќе гласаат за доверба на Владата на премиерот Џузепе Конте, откако партијата Италија Вива на Матео Ренци излезе од владината коалиција. Доколку го „преживее“ ова гласање, во вторник следи уште едно за доверба на неговата левоцентристичка Влада, овојпат во Сенатот. Доколку 56-годишниот премиер не ја добие довербата на двете […]

Една година од исчезнувањето на Марија Брзакова


Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезнала лани на 18 јануари, во утринските часови. Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена […]

Обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19, досега третирани 661 пациент


Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од вкупно 729 донори. Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со […]

Дончиќ на два чекори до израмнување на трипл-дабл рекордот во НБА


Лука Дончиќ имаше ноќ за паметење во НБА лигата и покрај поразот на Далас од Чикаго од 117:101, откако стигна до својот 29 трипл-дабл ефект во кариерата. Словенечкиот кошаркар мечот го заврши со фантастични 36 поени, 16 скокови и 15 асистенции, минувајќи го на вечната трипл-дабл листа легендарниот Мајкл Џордан. Кошаркарот на Далас, кој ја игра само […]

Озил во Фенербахче, Манџукиќ во Јувентус


Две трансфер „бомби“ се најавени да одекнат денеска во европскиот клупски фудбал, во очекување Месут Озил да стави потпис на договор со Фенербахче, а Марио Манџукиќ да се врати во редовите на Јувентус. Поранешниот германски репрезентативец Озил (32) во неделата официјално се збогува со премиерлигашот Арсенал, ден откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката, […]

Во Италија недостасуваат вакцини, испораките намалени


Од првичниот ентузијазам за успехот на кампањата за вакцинација во Италија, досега против Ковид-19 се вакцинирани повеќе од милион луѓе, локалните медиуми даваат повеќе простор на фактот дека производителот на единствената вакцина што моментално се користи во Италија, Фајзер, го намалува бројот на испорачани вакцини. Весникот „Месаџеро“ објави дека производителот „Фајзер-Бионтех“ самостојно и самоиницијативно одлучува […]

Нов сој на корона вирусот пронајден во Гармишпартенкирхен


  На клиника во Гармишпартенкирхен во Германија, пронајден е нов, досега непознат сој на корона вирусот, пишуваат германските медиуми. Лаборантите во клиниката утврдите, со помош на специјален лабораториски апарат, неправилности во примероците. Примероците на пациентите со новиот сој веднаш се пратени во Берлин, каде по детална анализа утврдиле дека се рабпти за нова варијанта на […]

Британски компании побараа од Владата да му помогне на Евростар


Британските бизнисмени ја повикаа Владата да го спаси Евростар, јавија лондонски медиуми, откако фирмата соопшти дека е близу до колапс по затворањето на границите поради Ковид-19. До неодамна симбол на лесно патување со голема брзина во Европа, Евростар беше погодена од кризата со коронавирусот, во своите специјални платформи и капацитети во Париз, Лондон и Брисел. […]