ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот


Европската унија планира да се бори против „владеењето на доларот“ на светските пазари, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на извори во Европската комисија.

„Светските финансиски пазари се премногу зависни од доларот“, се вели во еден од документите цитирани од новинарите на ФТ.

Според авторите на статијата, прашањето за зависност од доларот и проектот за намалување на неговата доминација се планира да се покрене непосредно пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден.

ЕУ, наводно, сака да ги надмине тешкотиите со кои се соочи за време на мандатот на Трамп, како на пример кога САД ги обновија санкциите против Иран.

Иницијативата зборува и за потребата да се заштитат членките на ЕУ од „последиците од нелегалната екстериторијална употреба“ на ваквите мерки.

„Годините на претседателствувањето на Трамп ги открија нашите ранливости и ние мора да ги отстраниме (…). Зборуваме за местото на Европската унија во светот: можноста да имате доволно економска и финансиска моќ“, извор на ФТ ја цитираше Европската комисија.

Меѓу другото, како што е наведено во статијата, ЕУ укажа на потребата да се најдат начини за зајакнување на улогата на еврото во светската арена – особено преку научените лекции од пандемијата на корона вирусот.