Нов сој на корона вирусот пронајден во Гармишпартенкирхен


 

На клиника во Гармишпартенкирхен во Германија, пронајден е нов, досега непознат сој на корона вирусот, пишуваат германските медиуми.

Лаборантите во клиниката утврдите, со помош на специјален лабораториски апарат, неправилности во примероците.

Примероците на пациентите со новиот сој веднаш се пратени во Берлин, каде по детална анализа утврдиле дека се рабпти за нова варијанта на вирусот. За сега не е јасно која карактеристика ја има новиот сој кој сега е откреин во германија.

Од клиниката во Гармишпартенкирхен истакнуваат дела нормално е вирусот да мутира, и потсетуваат дека од почетокот на пандемијата во светот утврдени се повеќе од 12.000 промени на секвенците на вирусот.

Заради појавата на мутираниот вирус на клиниката се откажани сите операции, а одделенијата во кои е утврдена заразата се изолирани.

Во клиниката од Ковид-19 се лекуваат 73 пациенти, а кај тројца е откриен новиот сој.