Вакцинирани пратениците во хрватскиот Сабор


 

Пратениците во Саборот на Хрватска денеска во 13 часот почнаа со процесот на вакцинација, а според најавите 51 пратеник ќе бидат вакцинирани.

Меѓу првите вакцина прими членот на ХДЗ, Јосип Џакиќ, кој рече дека иако преболел тежок облик на корона вирус, со оглед на неговата старот, во консултација со лекарите било одлучено да прими вакцина.

За председателот на СДП, Пеѓа Грбин негова должност е да се вакцинира јавно, за да не постои недоверба кај граѓаните и помасовно да се пријават за вакцинирање.

Пратениците од Зелено-левата коалиција изјавија дека нема да се вакцинираат во парламентот, туку по редовна процедура кај лекр од општа пракса.

Со сличен став се и претставниците на ДП, на Мирослав Шкоро и Мост, на Божо Петров, кои изјавија дека срамно би било преку ред да се вакцинираат ако има други на кои вакцината им е попотребна.

Во Хрватска досега се вакцинираа 46.202 лица, а според најавите на Кризниот штаб во следните денови би требало да стигнат уште 17.000 дози од вакцината на „Фајзер“, а утре треба да стигнат 4.800 дози од вакцината на „Модерна“.