Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на телефон додека возел на патот Куманово-Скопје


Фото: Б. Грданоски

Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија.