Ново „затворање“ во Австрија, Владата бара поголемо растојание меѓу луѓето и одреден тип маски


Австриските власти по третпат го продолжија целосното затворање на земјата, кое ќе важи до 7 февруари 2021 година, соопшти Министерството за надворешни работи.

Воведени се нови мерки – растојанието што треба да се почитува меѓу граѓаните е зголемено на 2 метра, а од 25 јануари 2021 година во малопродажните места ќе биде задолжително да се користи маска од типот FFP-2 за сите над 14 години во трговски објекти и јавниот превоз. Бесплатни маски ќе бидат обезбедени за социјално загрозените граѓани.

Австриската влада советува воведување работа на далечина за сите што се во можност да го сторат тоа.

Училиштата остануваат затворени, а учењето на далечина продолжува.

Хотелите и рестораните остануваат затворени, а во средината на февруари ќе се направи проценка дали ќе можат повторно да се отворат во март.