По исповедта на Милена Радуловиќ: Можеби таа досега молчела заради тебе
Живееме во општество на молчење. Ги учиме децата да не им се спротивставуваат на авторитетите, премолчуваме изживувања на шефови и политичари, соседи кои си ги тепаат сопругите… И потоа ја прашуваме неа зошто молчела
Милена Радуловиќ прозборе и не е сама. Уште четири колешки од актерската школа пријавија во полиција дека ги силувал или сексуално ги вознемирувал Мирослав „Мика“ Алексиќ, сопственик на школата – прилично познат, така што можеби сте слушнале за него дури иако не се движите во актерските кругови. Алексиќ е уапсен и се чека обвинение.
Јавното сведоштво на Милена покрена бран поддршка која потсетува на движењето #МеТоо, но, како што вели и самата Радуловиќ, значително се разликува од него: во моментот на злосторството дел од жртвите биле малолетни. Ова пак не спречи да избијат и спротивни реакции, што беше и по малку предвидливо.
Случаите како на Алексиќ се третираат како „врел костен“, бидејќи излегуваат од шаблонот. Тие го доведуваат во прашање поимот за силувачот како странец кој ги демне минувачите сокриен во грмушка, занемарен маргиналец, полуѕвер.
Линк до целиот тескт на Дојче Веле тука