Полицајците ќе вежбаат на Пониква, патот ќе биде затворен


СВР Штип ги известува граѓаните дека на 19.01.2021  (вторник) во периодот од 8 до 16 часот поради одржување на вежбовни активности од припадниците на МВР, сообраќајот на регионалниот пат  Кочани кон Спортско рекреативниот центар Пониква на потегот од место викано „аеродром“ до паркингот кај објектот на МВР ќе биде во прекин.

СВР Штип апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.