Потпретседателката Камала Харис денеска поднесува оставка во Сенатот 


САД– Избраниот потпретседател на САД, Камала Харис, денеска поднесува оставка од своето пратеничко место во Сенатот, два дена пред нејзината и на избраниот претседател, Џо Бајден,  инаугурација за изршување на двете врвни политички функции. 

Советници на демократската сенаторка од Калифорнија потврдија дека оставката таа ја поднесува денеска, и изјавија дека гувернерот Гавин Њусам е запознат со ова, кој веќе одреди нејзина замена. Сенатското место на Харис следните две години, до завршувањето на мандатод на овој Сенат, ќе го презеде Алекс Падила, сегашент државен секретар на Калифорнија. 

Падила ќе биде првиот јужаноамерикански сенатор од Калифорнија, сојузна држава каде околу 40 отсто од популацијета е со јужноамериканско потекло. 

Одлуката за ова Њусам ја донесе уште во декември, после интезивно лобирање за пополнување на сенатското место. 

Се дознава и дека Харис нема да има проштален говор од Сенатот, бидејќи првата седница на Горниот дом на американскиот Конгрес е закажана на денот на инаугурацијата, две недели откако поддржувачи на претседателот во заминување, Доналд Трамп, упаднаа во Капитолот и извршија насилилства, во часовите кога законодавците ја потврдуваа победата на Бајден. 

Според Харис, опсадата на Капитолот беше „сеизмички момент“ во американската политика. 

-Тоа беше пресвртен момент. Знаете, понекога мислиме дека таквите моменти носат нешто позитивно. Не. Во некоја смисла тоа беше подмирување на сметките. Тогаш беше изложена ранливоста на нашата демократија, изјави таа синоќа во заедничко телевизиско интервју со својот сопруг, адвокатот Даглас Емхоф. 

Харис е првиот избран црномурест потпретседател во историјата на САД. 

Со победата на двајца демократски кандидати за сенатори на повторните конгресни избори во Џорџија на 5 јануари, и со доаѓањето на претставникот од Калфорнија, од 20 јануари во Сенатот, составен од 100 членови, мнозинство ќе бидат демократите (со 51 глас), додека републиканците го губат гласот во овој важен столб на законодавната власт на САД. 

Со изборите во ноември 2020 година, сите три извршни столба на власта во САД, Белата куќа, Претставничкиот дом и Сенатот, преминуват во рацете на демократите.