Во Пакистан над 100.000 заразени од Ковид-19, болниците немаат капацитет


Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани повеќе од 100.000 заразени со Ковид-19 и дека болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти. Владата утрово соопшти дека има 103.671 заразени, а според вчерашните податоци, од коронавирусот починале над 2.000 лица. Како што пренесуваат странските агенции, бројот на заразени лица беше значително потценет поради недоволниот …

Во Пакистан над 100.000 заразени од Ковид-19, болниците немаат капацитет Read More »

Изработена е студија за оправданоста Водно да стане заштитено подрачје 


За оправданоста од прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата и Правилникот за содржината на студијата за валоризација и ревалоризација на заштитени подрачја, се изработи Студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Студијата е изработена во …

Изработена е студија за оправданоста Водно да стане заштитено подрачје  Read More »

Во Скопје 67 новозаразени, најмногу во Чаир и Центар


На подрачјето на Скопје денеска се регистрирани 67 новозаразени со  коронавирусот КОВИД-19. Најмногу од нив, 16 се од Чаир по што следат Центар со 12, Кисела Вода со шест и Карпош и Шуто Оризари со по пет новозаразени. Во Скопје има вкупно 653 активни случаи на КОВИД-19, од кои во Чаир се 168, во Центар …

Во Скопје 67 новозаразени, најмногу во Чаир и Центар Read More »

Тројцата кандидати за ректор на УКИМ ќе ги поднесат програмите зашто истекува рокот, а постапката за избор не е запрена


Тројцата кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професорите Вујица Живковиќ, Драги Димитриевски и Петар Атанасов, соопштија дека се принудени да ги поднесат своите програми зашто рокот истекува денеска, а Универзитетската изборна комисија не го стопира конкурсот како што предвидува Уредбата за примена на Законот за високо образование  што Владата ја допрецизираше пред три …

Тројцата кандидати за ректор на УКИМ ќе ги поднесат програмите зашто истекува рокот, а постапката за избор не е запрена Read More »

Скопје доби кружен тек во Чаир


Вчера и официјално заврши техничкиот прием и означување на кружниот тек што се наоѓа во Чаир на улицата „Кемал Сејфула“. Како што соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој го посети кружниот тек, изградбата траеше изминативе неколку месеци, а вредноста е 20 милиони денари. -Станува збор за инвестиција која ќе овозможи на граѓаните …

Скопје доби кружен тек во Чаир Read More »

Ударот од кризата предизвика БДП во првиот квартал да е само 0,2 отсто, оценува „Фајнанс Тинк“


Ударот од кризата предизвикана од ширењето на корона вирусот Ковид-19 врз економијата започна во втората половина од март 2020, што предизвика БДП во целото тримесечие да се зголеми само за 0,2 отсто, наведува „Фајнанс Тинк“ во кварталниот Макроекономски монитор за првиот квартал од 2020 година, во кој наведува дека ја задржува проекцијата за падот на …

Ударот од кризата предизвика БДП во првиот квартал да е само 0,2 отсто, оценува „Фајнанс Тинк“ Read More »

Брегу: Дигитализацијата спаси многу работни места на Западен Балкан


Дигиталната технологија придонесе за ублажување на стапките на невработеност во регионот на Западен Балкан, констатира генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу. – Изолацијата донесе голем пораст на стапката на невработеност во Западен Балкан, помеѓу пет и над од 30 отсто. Без модерните технологии кои овозможија работење од дома и зачувување на …

Брегу: Дигитализацијата спаси многу работни места на Западен Балкан Read More »

Во мај за минималната кошница 33.315 денари, најмногу се троши за храна и пијалоци


Над 33 илјади денари биле потребни на едно  домаќинство во мај годинава за потребите во домот. Синдикалната минимална кошница во мај, според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, изнесува 33.315 денари, а најголем дел од средстсвата отпаѓаат на исхрана и пијалаци 42,61 отсто. За хана и пијалаци биле потребни 14.196 денари, за домување 10.426,90 …

Во мај за минималната кошница 33.315 денари, најмногу се троши за храна и пијалоци Read More »

Нови 127 лица заразени со коронавирусот, тројца починати и седум оздравени


Нови 127 случаи на заразени со коронавирусот, тројца починати и седум оздравени. Вкупната бројка на дијагностицирани е 3152, а досега починаа 156 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира …

Нови 127 лица заразени со коронавирусот, тројца починати и седум оздравени Read More »

Во првиот квартал БДП се зголеми за скромни 0,2 отсто


Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од годинава во државава изнесува 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите: Информации и комуникации од 10,4 проценти, Дејности во врска со недвижен имот од 6,5  проценти  и Уметност, забава и рекреација; Други …

Во првиот квартал БДП се зголеми за скромни 0,2 отсто Read More »

Најмалку еден загинат во поплавите во Чешка


Најмалку едно лице загина, а едно се води како исчезнато во поплавите во Чешка, соопштија денеска чешките спасувачи. Десетици граѓани се спасени, а неколку градови и села северно од Оломук, 230 километри од Прага, се поплавени по невремето со обилни дождови. Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарникарите успеале да спасат околу 30 лица од поплавените …

Најмалку еден загинат во поплавите во Чешка Read More »

Димова откри злоупотреба на 2,2 милиони евра околу програмата „Еразмус+“


Случај на измама и корупција од 2,2 милиони евра од средствата на образовната програма „Еразмус плус“ на Европската Унија наменета за Македонија, која била организирана и спроведувана од 2016 до 2018 година, обелодени денеска на прес-конференција Лидија Димова, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Централната точка на шемата се неколку правни …

Димова откри злоупотреба на 2,2 милиони евра околу програмата „Еразмус+“ Read More »

Горивата поскапи за еден до 1,5 денар


Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,23 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар по литар и …

Горивата поскапи за еден до 1,5 денар Read More »

МВР ќе преземе мерки против Љупчо Андоновски за настанот во „Боемска“


МВР изминатите денови беше на висината на својата задача. Со контролите што ги спроведовме покажавме дека здравјето на граѓаните е најважно, порача денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Нападите околу неговата работа изминатите денови тој ги препиша на обидите за  политичка дискредитација од страна на владеечката партија и на нејзината грижа само за сопствениот …

МВР ќе преземе мерки против Љупчо Андоновски за настанот во „Боемска“ Read More »

Ако има финансиски можности, ќе продолжи поддршката 14.500 денари по вработен


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека ако постојат финансиски можности, Владата ќе ја продолжи мерката со која на компаниите им се исплаќаат по 14.500 денари поддршка за секој вработен. Во текот на викендов се одржала средба со коморите, на која, како што рече, биле разгледани сите нивни предлози. – Во текот на викендот …

Ако има финансиски можности, ќе продолжи поддршката 14.500 денари по вработен Read More »

Нема нови позитивни на ковид во СЕП, реорганизиран работниот процес


По потврдените случаи на Ковид-19 кај двајца вработени во Секретаријатот за европски прашања, тие се во излолација. Во изолација се и сите нивни контакти, кои се тестирани и сите се негативни, а процесот на работа е реорирганизран согласно здравствените протоколи, изјави вицепремиерот Бујар Османи. – Јас не сум бил во близок контакт со тие вработени, …

Нема нови позитивни на ковид во СЕП, реорганизиран работниот процес Read More »

Повисоки трошоци на живот на месечно ниво, најголем пораст кај овошјето и велосипедите


Трошоците на животот и цените на мало во мај во однос на април годинава се зголемени за 0,4 отсто, додека споредено со мај лани бележат намалување за 0,2, односно 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на животот во мај 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото …

Повисоки трошоци на живот на месечно ниво, најголем пораст кај овошјето и велосипедите Read More »

Нова економска мерка за поддршка: Ќе се кофинансираат семинари, обуки и конференции организирани во домашните хотели


Владата стартува со уште една мерка за поддршка на туризмот преку програмата КОВИД-19. Мерката се однесува на хотелиерите, а предвидува кофинансирање настани кои ќе се одржуваат кај нив: семинари, обуки и конференции. На невладините организации, здруженијата, компаниите и институциите кои ќе ги организираат ваквите настани, ќе им бидат покриени 50 отсто од трошоците. Како што …

Нова економска мерка за поддршка: Ќе се кофинансираат семинари, обуки и конференции организирани во домашните хотели Read More »

Кризата удри и врз размената со странство, за четири месеци е намалена за 21 отсто во однос на лани


Во првите четири месеци од годинава Македонија разменила производи и услуги со странство во износ од 4,3 милијарди долари што е за 21 отсто помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Слични се показателите ако размената се пресметува во евра – за четири месеци вредноста е 3,9 милијарди …

Кризата удри и врз размената со странство, за четири месеци е намалена за 21 отсто во однос на лани Read More »

До петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состојба


До петок ќа се знае ставот на Владата за вонредната состоја кој заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. -Ставот на ДУИ се заснова на два основни принципа тие се констатнтни. Првиот принцип …

До петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состојба Read More »