Најмалку еден загинат во поплавите во Чешка


Најмалку едно лице загина, а едно се води како исчезнато во поплавите во Чешка, соопштија денеска чешките спасувачи.

Десетици граѓани се спасени, а неколку градови и села северно од Оломук, 230 километри од Прага, се поплавени по невремето со обилни дождови.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарникарите успеале да спасат околу 30 лица од поплавените згради и автомобили. Исто така, наведуваат дека во поплавите е уништен еден мост.

Од утрово состојбата е смирена.