Ресен – градот кој е имун на корона вирусот (дпл)


Дисциплината, почитувањето на мерките на здравствените власти и менталитетот на жителите се клучот што во Ресен и целата Преспа досега нема ниеден заболен од Ковид-19   Анета Блажевска Битола – Дисциплината на преспанци, координираната и добрата организација на локалната власт со полицијата и инспекциите – изгледа дека тоа е формулата што во Ресен во изминатите …

Ресен – градот кој е имун на корона вирусот (дпл) Read More »

Федерер ќе го пропушти остатокот од сезоната, Ѓоковиќ размислува да не оди на УС опен


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер најави дека нема да настапи во 2020 година. – Драги обожаватели, се надевам дека сте здрави и безбедни. Пред неколку недели, кога наидов на проблеми, за време на закрепнувањето, морав да претрпам дополнителна артроскопска процедура на десното колено, напиша Швајцарецот на Твитер. Тоа значи дека Федерер најверојатно нема да игра цела …

Федерер ќе го пропушти остатокот од сезоната, Ѓоковиќ размислува да не оди на УС опен Read More »

Спасовски: Државата вложи милијарда евра во патна инфраструктура


Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил објави дека државата вложила милијарда евра во патна инфраструктура и реализирала важни проекти. – Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, пишува Спасовски. Тој во продолжение ги наведува капиталните проекти. – Инвестирани …

Спасовски: Државата вложи милијарда евра во патна инфраструктура Read More »

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто …

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска Read More »

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо


Јапонскиот гигант за видео игри Нинтендо призна дека од почетокот на април до сега хакери пробиле во базата на податоци на 300.000 профили на нивни корисници. Хакерите добиле пристап до лични информации како што се родендени и адреси на електронска пошта, но не и до информации за кредитни картички. – Длабоко се извинуваме што им …

Хакери пробиле профили на 300.000 корисници на Нинтендо Read More »

Вашингтон гласаше за реформи во полицијата


Градскиот совет во Вашингтон едногласно ги одобри полициските реформи што ги бараа демонстрантите по убиството на Џорџ Флојд и усвоените измени ќе важат 90 дена. Ќе се бара второ гласање за натамошно продолжување. Според „Вашингтон пост“, новите измени вклучуваат, меѓу другото, забрана за полицијата за употреба на задушувачки зафати за време на приведување како и …

Вашингтон гласаше за реформи во полицијата Read More »

„Адидас“ вети 30 отсто од нововработените во САД да бидат црнци и Латиноамериканци


Производителот на спортска опрема „Адидас“ соопшти синоќа дека 30 проценти од сите нови вработувања во САД ќе бидат црнци или Латиноамериканци, во момент на протести против расизам, што ја потресоа државата речиси две недели. „Настаните во изминатите две недели предизвикаа сите да размислиме за тоа што можеме да сториме за да се спротивставиме на културните …

„Адидас“ вети 30 отсто од нововработените во САД да бидат црнци и Латиноамериканци Read More »

Во Германија приведени 11 луѓе поради сомневање за злоставување деца


По истрагата во германскиот град Минстер полицијата уапси 11 осомничени под сомнение за сексуална злоупотреба на деца.Според  германски медиуми, досега се идентификувани три жртви. Инспекторите, наводно, со месеци „пребарувале“ докази за да се запре злоупотребата на малолетни лица, а се претпоставува дека постои организирана педофилска мрежа. Едно момче, на возраст од околу десет години, често …

Во Германија приведени 11 луѓе поради сомневање за злоставување деца Read More »

Димитров во Белград на разговори со Дачиќ


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, денеска ќе оствари работна посета на Република Србија. Како што соопшти МНР, ова претставува прва работна посета на шефот на дипломатијата во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји. На …

Димитров во Белград на разговори со Дачиќ Read More »

Германија ќе забрани влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август


Германија – До 31 август Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување  граѓани на држави што не се членки на Европската унија, изјавија неименувани извори од германската Влада. Тие нагласија дека таа одлука се очекува да биде објавена денеска. Според нив, Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од …

Германија ќе забрани влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август Read More »

СЗО се коригира: Асимптоматските случаи го пренесуваат Ковид-19


Студиите кои ги анализирала Светската здравствена организација покажуваат дека лицата со коронавирус се најзаразни во моментот кога за првпат ќе ги почувствуваат симптомите на болеста Водечката експертка на Светската здравствена организација денеска ги расчисти „недоразбирањата“ по вчерашната изјава која беше сфатена како сугестија дека асимптоматските случаи ретко го пренесуваат коронавирусот. Марија Фан Керкове, која ја …

СЗО се коригира: Асимптоматските случаи го пренесуваат Ковид-19 Read More »

Спајк Ли за убиството на Џорџ Флојд, расизмот во САД и неговиот нов филм


Во ексклузивно интервју за Дојче веле, легендарниот американски режисер говори за случувањата во САД и прогнозира дека Трамп ќе си замине како најлошиот претседател во историјата на земјата ДВ: Сакам да разговарам со тебе за извонредниот нов филм, Da 5 Bloods, но прво мора да разговараме за Џорџ Флојд. Уште еден невооружен црн Американец убиен од …

Спајк Ли за убиството на Џорџ Флојд, расизмот во САД и неговиот нов филм Read More »

Билбилов и Џамбазов имаат хит „Тажно диско“ (видео)


Роберт Билбилов  ја објави песната „Тажно диско“, напишана од Игор Џамбазов. „Оваа песна е вистински доказ за тоа колку совршени можат да бидат мелодијата и текстот, кога се работи, мисли и делува искрено“ – пишува Билбилов. Претходно Билбилов ја објави песната „Светот е“ во дует со Тамара, ѝ ја компонираше новата песна на Тамара „Слобода“, а …

Билбилов и Џамбазов имаат хит „Тажно диско“ (видео) Read More »

Фаучи: Пандемијата се уште не е завршена, тоа е мојот најлош кошмар


САД– Американскиот експерт за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, предупреди дека пандемијата на коронавирусот се уште не е завршена и ја опиша како „најлош кошмар“. – Еболата беше страшна. Но, таа не може лесно да се пренесе….Сега имаме нешто што се претвори во мој најлош кошмар. За четири месеци, пандемијата го уништи целиот свет, рече …

Фаучи: Пандемијата се уште не е завршена, тоа е мојот најлош кошмар Read More »

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување


Засега нема најава дали и кога би се одржала седница на Советот за безбедност со оглед на тоа што вонредната состојба, четврта по ред, истекува в сабота на 14 јуни. Дотогаш се очекува Владата да донесе став дали ќе побара продолжување на вонредната состојба, од што зависи и терминот за одржување на предвремените парламентарни избори. …

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување Read More »

ИАТА: Загубите на авиокомпаниите оваа година – 84 милијарди долари


Германија-Кризата предизвикана од новиот коронавирус ќе им предизвика на авиокомпаниите  рекордна годишна загуба од 84 милијарди долари и ќе биде запаметена 2020 година како „најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, соопшти Меѓународното здружение за воздушен сообраќај (ИАТА). „Финансиски, ќе се сеќаваме на 2020 година како најлоша година во историјата на авијациската индустрија“, рече извршниот …

ИАТА: Загубите на авиокомпаниите оваа година – 84 милијарди долари Read More »

Ден на воздухопловниот ВИНГ


Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ. Во рамки на свеченоста во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, доколку дозволат временските услови, е предвидена демонстрација на летање од страна на авијацијата на Армијата, како и прелет на авионите Ф-16 …

Ден на воздухопловниот ВИНГ Read More »

Опаѓа бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 во државава


Бројот на новодијагностицирани со коронавирусот во државава бележи намалување. Вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува …

Опаѓа бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 во државава Read More »

Завршува учебната 2019/2020 од која една третина беше онлајн


За 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и околу 19 илјади првачиња, денеска завршува учебната 2019/2020 година, првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот. Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на синдикатот СОНК со Министерството за образование и …

Завршува учебната 2019/2020 од која една третина беше онлајн Read More »

Oблачно, на повеќе места со дожд и грмежи, температурата до 31 степен


Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 19 до 31 степен. Во Скопје и околината променливо облачно со …

Oблачно, на повеќе места со дожд и грмежи, температурата до 31 степен Read More »