МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска


Фото: Б. Грданоски


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација.


Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.


Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1.143 прекршоци.