Билбилов и Џамбазов имаат хит „Тажно диско“ (видео)


Роберт Билбилов  ја објави песната „Тажно диско“, напишана од Игор Џамбазов.

„Оваа песна е вистински доказ за тоа колку совршени можат да бидат мелодијата и текстот, кога се работи, мисли и делува искрено“ – пишува Билбилов.

Претходно Билбилов ја објави песната „Светот е“ во дует со Тамара, ѝ ја компонираше новата песна на Тамара „Слобода“, а Игор Џамбазов ги пишува текстовите за песните на Тамара за третиот албум.