Фергусон: Бројот на починати ќе беше преполовен ако порано воведовме карантин


Бројот на смртни случаи од корона вирус во Велика Британија можеше да биде двојно помал ако карантинот беше воведен една недела порано, изјави епидемиологот Нил Фергусон, поранешен член на групата научници кои ја советуваат британската влада. Повеќе од 40.000 луѓе официјално починале од корона вирус во Велика Британија, а кога ќе се додаде бројот на …

Фергусон: Бројот на починати ќе беше преполовен ако порано воведовме карантин Read More »

Помпео вети истрага за несоодветниот однос кон странските новинари за време на протетсите во САД


Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска вети истрага по повод жалбите за малтретирање странски новинари кои известуваат за националните протести против расизмот и полициската бруталност во САД. Австралија, Велика Британија и Германија презедоа чекори и изразија загриженост во врска со американските активности, при што Австралија е „вџашена“ од сцените на двајца нејзини телевизиски новинари нападнати …

Помпео вети истрага за несоодветниот однос кон странските новинари за време на протетсите во САД Read More »

СЗО: Не е познато влијанието на зимата и летото врз вирусот


Швајцарија – Не е јасно како ќе влијае доаѓањето на зимата на јужната хемисфера, односно летото на северната хемисфера, врз новиот коронавирус, изјави денеска во Женева извршниот директор на Светската здравствена организација за вонредни програми, Мајк Рајан. Тој за време на онлајн прес-конференцијата истакна дека СЗО не знае како вирусот ќе се однесува и моментно нема …

СЗО: Не е познато влијанието на зимата и летото врз вирусот Read More »

Принцот Филип на својот 99. роденден првпат во јавноста од јануари


Англија– Британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, се појави денеска, на неговиот 99-ти роденден, првпат во јавност од јануари досега. По повод неговиот роденден, беше објавена фотографија од него и кралицата, направена на 1 јуни пред замокот Виндзор. Принцот Филип и неговата пет години помлада избраничка „изгледаат добро и се држат мирно без …

Принцот Филип на својот 99. роденден првпат во јавноста од јануари Read More »

Словенечкиот народен театар поставува претстава според расказите на Румена Бужаровска


Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана подготвува претстава според збирките раскази на Румена Бужаровска „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Режијата е на реномираната режисерка и писателка Ивана Ѓилас, која заедно со Ана Душа работи на драматизацијата. „Интересно да се напомене дека освен композиторот,“ стои во соопштението за јавност, „целокупната актерска и техничка екипа која …

Словенечкиот народен театар поставува претстава според расказите на Румена Бужаровска Read More »

Двесте пожарникари се бореа со голем пожар во Лос Анџелес


Голем пожар избувна денеска во населбата Бел-Ер во Лос Анџелес, Калифорнија, објави ЛА Тајмс. Пожарникарите се бореле со пожарот околу три часа, по што го довеле под контрола. Се проценува дека изгореле околу педесет хектари трева. Околу 200 пожарникари учествуваа во акцијата за гаснење на пожарот. Две лица се повредени за време на противпожарната акција …

Двесте пожарникари се бореа со голем пожар во Лос Анџелес Read More »

Украина: Сомневање дека Порошенко издал илегална уредба во 2018 година


Украинското државно биро за истраги соопшти денеска дека се сомнева дека поранешниот претседател Петро Порошенко во 2018 година донел незаконска уредба што се однесува на неговите работи со странска разузнавачка служба. Порошенко, кој стана пратеник откако ги загуби минатогодишните претседателски избори, рече дека случајот  е во врска со назначување заменик началник на странска разузнавачка служба …

Украина: Сомневање дека Порошенко издал илегална уредба во 2018 година Read More »

Чулев не го викнал на состанок единствениот началник Албанец


Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешниот состанок за состојбата во врска со безбедноста во време на пандемија, не го поканил единствениот началник на секторот за внатрешни работи на целата територија на Македонија кој е етнички Албанец, пишува весникот „Коха“. Амир Далипи, раководител на СВР Тетово, не добил покана од министерот Чулев за средбата, …

Чулев не го викнал на состанок единствениот началник Албанец Read More »

Волстрит џурнал: Трамп за малку ќе го разрешел шефот на Пентагон


Претседателот на САД, Доналд Трамп, имал намера да го разреши првиот човек на Пентагон, Марк Еспер, поради неговото одбивање да употреби воена сила за разбивање на протестните акции што деновиве се одвиваат во Вашингтон и низ земјата. Весникот Волстрит џурнал денеска објави дека конфликтот започнал на средба на врвот минатата недела кога Еспер истакнал дека …

Волстрит џурнал: Трамп за малку ќе го разрешел шефот на Пентагон Read More »

Белгија бара решение за статуите на колонизаторот Леополд Втори


Државниот секретар за урбанизам и наследство во бриселскиот регион на Белгија, Паскал Смет денеска повика да се поведе расправа за тоа што да се прави со статуите на белгискиот крал Леополд Втори, бруталниот колонизатор на денешната Демократска Република Конго, кои беа оштетени од антирасистички демонстранти. Статуите на монархот, чии војници убиле милиони луѓе, беа срушени …

Белгија бара решение за статуите на колонизаторот Леополд Втори Read More »

Сите починати во изминатото деноноќие имале претходни болести


Сите пациенти кои починаа во изминатото деноноќие се пациенти со претходни коморбидитети и пациенти кои спаѓаат во ризична група, информираат од Министерството за здравство. Од починатите на Инфективна клиника – 79-годишниот пациент од Скопје – Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката 66-годишна од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, …

Сите починати во изминатото деноноќие имале претходни болести Read More »

Потпишан меморандум за соработка за развој на системот на правдата за децата


Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), Државниот завод за превенција на детското престапништво (ДЗПДП) и Комората за медијатори на Република Северна Македонија денеска потпишаа, меморандум за соработка со кој ја потврдија заедничката заложба за развојот и унапредувањето на медијацијата во системот на правдата за децата, соопштија од АСЈО. – Со меморандумот ќе бидат опфатени …

Потпишан меморандум за соработка за развој на системот на правдата за децата Read More »

Столтенберг за Хуавеј: Британската анализа за безбедноста на 5Г е важна


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека Западот не може да го игнорира развојот на Кина и поради тоа е важно Велика Британија да ја разгледа улогата на Хуавеј во нејзината 5Г мрежа. Столтенберг истакна дека Кина му се приближува на Западот на многу начини – на Арктикот, во кибернетичкиот простор и во …

Столтенберг за Хуавеј: Британската анализа за безбедноста на 5Г е важна Read More »

СТО избира наследник на генералниот директор Роберто Азеведо


Светската трговска организација (СТО) покрена постапка за избор на нов генерален директор, кој ќе го замени Бразилецот, Роберто Азеведо, кој заминува од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот. Изборот на нов шеф на СТО обично трае девет месеци, но сега тоа ќе биде спроведено за три месеци. Новиот генерален директор, …

СТО избира наследник на генералниот директор Роберто Азеведо Read More »

Спасовски во видео разговор со Трудо: Ковид-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори


Премиерот Оливер Спасовски денеска преку видео конференциска врска имал разговор со премиерот на Канада, Џастин Трудо при што двајцата се согласиле дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Спасовски во разговорот се заблагодарил …

Спасовски во видео разговор со Трудо: Ковид-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори Read More »

Димитров на средба со Дачиќ: Политичарите колку и да се трудат не можат да ги расипат односите меѓу Македонија и Србија


Во првата посета надвор од Македонија за време на корона кризата, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со српскиот колега Ивица Дачиќ во Ниш се заложија да понатамаошно градење на добрососедските односи за да може тие да бидат придонес за стабилноста на регионот. Според соопштението на МНР Димитров нагласил „дека имаме среќа што блискоста, врските …

Димитров на средба со Дачиќ: Политичарите колку и да се трудат не можат да ги расипат односите меѓу Македонија и Србија Read More »

Хрватска со два нови случаи на корона вирус


По неколкудневна пауза без заболени од корона вирус, во Хрватска денеска беа регистрирани два нови случаи, јавуваат тамошните медиуми. Едниот е од Град Скопје, иако официјално од таму излегоа со информација дека нема заболени во главниот град. Сепак, како што јавува Индекс, Град Загреб ги регистрирал случаите до 12 часот, а Националното тело подоцна, кога …

Хрватска со два нови случаи на корона вирус Read More »

Шекеринска: Земјата не може да функционира без Парламент, датумот на изборите не е политичка желба


Прашањето за датумот за одржување на изборите не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политички партии, туку тоа е уредено во Уставот и законите, изјави денеска вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска. Таа рече дека вонредната состојба не може да се продолжува во недоглед зашто земјава не може да функционира …

Шекеринска: Земјата не може да функционира без Парламент, датумот на изборите не е политичка желба Read More »

Докторка дошла да се породи на ГАК, а не кажала дека дома има заразен од Ковид-19


Докторка дошла на Гинеколошко акушерска клиника (ГАК) во Скопје во деветти месец од бременоста, без да им каже на колегите и на жените со кои лежела заедно в болничка соба, дека во семејството има позитивен на ковид-19. Откако вработените разбрале, таа ја напуштила Клиниката и отишла во приватна клиника да се пораѓа. И таму не …

Докторка дошла да се породи на ГАК, а не кажала дека дома има заразен од Ковид-19 Read More »

Верата посилна од државата и од короната !?


Додека десетици илјади луѓе излегоа од Скопје и градовите во полициски час, Владата го навлече револтот на православните верници поради забраната за посета на гробиштата на Задушница. Проблемот со верските празници и мерките против коронавирусот почна уште за Велигден, па со струшката литија, потоа со отворањето на џамиите од страна на ИВЗ, Рамазан Бајрам… Иако …

Верата посилна од државата и од короната !? Read More »