За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според списокот на ЕУ


Во однос на трети земји, вон Европската унија, Грција има цел да се придржува кон каталогот составен од ЕУ, додека, пак, до 15 јули нема да бидат дозволени директни летови од Велика Британија и Шведска, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, по состанокот што Кирјакос Мицотакис го одржа со надлежните министри од неговата Влада во …

За влез на државјани од трети земји Грција ќе се води според списокот на ЕУ Read More »

Николоски од Дојран го повика Заев на ТВ дуел


Јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител …

Николоски од Дојран го повика Заев на ТВ дуел Read More »

Сугарески годинава очекува 86 отсто реализација на капиталните инвестиции


Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски во вториот квартал ќе биде околу 25 отсто. Сите проекти што ги реализира Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта, Македонија пат се во тек и нема застој и покрај здравствената криза. Очекувам годинава да ја завршиме со реализација од околу 86 проценти како што беше …

Сугарески годинава очекува 86 отсто реализација на капиталните инвестиции Read More »

БП го продава петрохемискиот бизнис за пет милијарди долари


Глобалниот енергетски гигант БП денеска соопшти дека одлучил да го продаде петрохемискиот бизнис на ИНЕОС за пет милијарди долари. Петрохемискиот бизнис вклучува производство на ароматични јаглеводороди и ацетил и е силно присутен на азиските пазари во развој, соопшти БП. Има 14 погони за производство во Азија, Европа и САД и минатата година произведе 9,7 милиони …

БП го продава петрохемискиот бизнис за пет милијарди долари Read More »

Приведено лице што се заканувало со подметнување бомби


Во СВР Битола вчера околу 16.20 часот  В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека ќе бидат активирани. Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле …

Приведено лице што се заканувало со подметнување бомби Read More »

Седум заболени медицински работници на Гинеколошко – акушерското одделение во прилепската болница


Гинеколошко-акушерското одделение во прилепската болница или ќе биде затворено или ако постојат минимални услови работата ќе се реорганизира, откако по тестираните 33 вработени, за седум здравствени работници се утврди дека се позитивни на корона вирусот, а петмина се ставени во самоизолација, јави Канал 5. Оваа мерка е применета и кај членовите на нивните семејства. Прилепските …

Седум заболени медицински работници на Гинеколошко – акушерското одделение во прилепската болница Read More »

Мицкоски не се појави на распит во полицијата, СДСМ вели дека е ист како и неговиот шеф од Будимпешта


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се појави денеска на распит во полициската станица „Центар“ околу неговиот престој во ресторан кога тоа беше забрането со здравствените протоколи. Мицкоски не можел да се појави затоа што бил на активности поврзани со кампањата за изборите. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. Но во полицијата …

Мицкоски не се појави на распит во полицијата, СДСМ вели дека е ист како и неговиот шеф од Будимпешта Read More »

Се заканувал преку Фејсбук со поставени бомби на комбиња и автобуси


Во СВР Битола вчера околу 16.20 часот  В.Т. управител на фирма за превоз на работници, пријавил дека преку социјалната мрежа „Фејсбук“ добил заканувачки пораки од профил на „Фејсбук“ на М.Ч. дека на комбињата и автобусите на фирмата имало поставени бомби и дека ќе бидат активирани. Од полициски службеници биле извршени проверки, при што не биле …

Се заканувал преку Фејсбук со поставени бомби на комбиња и автобуси Read More »

Филипче: Може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори


Може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче. -Мислам дека доколку има потреба и доколку се потребни на работните места каде сега се целосно ангажирани, на третман на пациентите со КОВИД, во оној систем на ротација може да се ослободат. Не работат сите лекари и …

Филипче: Може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори Read More »

Починаа 12, уште 132 нови случаи на Ковид-19


Во последните 24 часа се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 57 -Куманово 10 -Дебар 1 -Штип 13 -Прилеп 7 -Тетово 19 -Струга 3 -Велес 4 -Битола 1 -Охрид 5 -Кавадарци 1 -Гостивар 6 -Пробиштип 2 -Свети Николе 2 -Ресен 1 Починати се 12 лица, пет пациенти од …

Починаа 12, уште 132 нови случаи на Ковид-19 Read More »

Заев: Дојран ќе биде еколошки регион


Од Дојранското Езеро и неговата околина СДСМ ќе направи еко-регион – изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата на Дојран. „До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди …

Заев: Дојран ќе биде еколошки регион Read More »

Вонредна состојба во Врање, во Србија нови 242 заразени, четворица починати


Според последните информации, во Србија од корона вирус заразени се уште 242 луѓе. Од последиците од Ковид-19 починаа четворица. Поради зголемениот број заразени, Кризниот штаб одлучи од вторник во Белград да биде задолжително носење маски во сите затворени простории, не само во јавниот превоз. Вонредна состојба прогласена е во Врање.

Љубе Бошкоски за новата „бомба“: Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев


По објавената аудио „бомба“, во која се вели дека Сашо Мијалков ги платил автобусите за превоз на вмровски членови за митинг, се огласи и Љубе Бошкоски. Тој вели дека „ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев“. Во својата објава на Фејсбук тој уште …

Љубе Бошкоски за новата „бомба“: Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев Read More »

Уште 34 заразени во Хрватска


Во Хрватска забележани се 34 нови случаи на зараза со корона вирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Во болница се 65 пациенти, а еден е на респиратор, пренесе Index.hr. Денеска тестирани се 730 лица До сега забележани се 2.725 заразени со корона вирус, оздравеа 2.155, а починаа 107. Вкупно тестирани се 78.183 лица. Овие …

Уште 34 заразени во Хрватска Read More »

Иран издаде црвена потерница за Трамп


Иран издаде црвена потерница за американскиот претседател Доналд Трамп и за уште повеќе од 30 лица, поради сомнеж дека се вмешани во нападот со беспилотно летало во Багдад во јануари оваа година, при што беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани. Иран, исто така, побара помош и од Интерпол за апсење на осомничените, но медиумите оценуваат …

Иран издаде црвена потерница за Трамп Read More »

ССКЦ: Да се повлечат вработените во здравствените установи од избирачките одбори и комисии


Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар соопшти дека неприфатлива е одлуката вработени во јавните здравствени установи, вклучително доктори и медицински сестри во овие моменти да бидат вклучени во избирачки комисии и одбори. – Министерот за здравство, поради недостиг и истрошеност на здравствен персонал донесе колеги од другите градови да помогнат во работниот процес во Градската општа болница …

ССКЦ: Да се повлечат вработените во здравствените установи од избирачките одбори и комисии Read More »

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон осуден на пет години затвор


Француски суд денеска го прогласи за виновен поранешниот премиер Франсоа Фијон за плаќање на неговата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа“. Фијон е осуден на пет години затвор – од кои три може да ги служи преку општокорисна работа. Тој, исто така, ќе треба да плати казна од 375,000 евра и …

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон осуден на пет години затвор Read More »

Раст на платите и зачувување на работните места во администрацијата и правосудството бара УПОЗ од политичките партии


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), денеска до политичките партии кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори упати барања со кои побара унапредување на правата од работен однос на вработените во администрацијата и правосудството. Барањата, како што соопштија од Синдикатот на УПОЗ, се испратени до сите политички партии и …

Раст на платите и зачувување на работните места во администрацијата и правосудството бара УПОЗ од политичките партии Read More »

Кризата го зема данокот – индустриското производство во мај со пад од 27 отсто


Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 …

Кризата го зема данокот – индустриското производство во мај со пад од 27 отсто Read More »

Над 1.800.000 гласачи на избирачкиот список, ќе се гласа и во спортски сали


Државната изборна комисија (ДИК) в среда ќе го заклучи Избирачкиот список и во него ќе бидат нешто повеќе 1.814 000 граѓани, рече првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски, на заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. „Прецизната бројка ќе биде позната в среда, а потоа списокот ќе се генерира и ќе се предаде …

Над 1.800.000 гласачи на избирачкиот список, ќе се гласа и во спортски сали Read More »