Љубе Бошкоски за новата „бомба“: Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев


По објавената аудио „бомба“, во која се вели дека Сашо Мијалков ги платил автобусите за превоз на вмровски членови за митинг, се огласи и Љубе Бошкоски. Тој вели дека „ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев“.

Во својата објава на Фејсбук тој уште додава:

„Груевски и Мијалков газеа врз моето достоинство, не Заев. Јас сум во коалиција со Заев и три години влакно не ми фали. Заев е човек со историска демократска големина во себе, затоа што иако на политичката оска сме различни, тој докажа дека правдата и македонскиот патриотизам се над политичката идеологија.

Време за довршување на демократизацијата на земјата, за да може да имаме чиста, европска борба на идеи и идеологии“, вели Љубе Бошкоски.