Уште 34 заразени во Хрватска


Во Хрватска забележани се 34 нови случаи на зараза со корона вирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Во болница се 65 пациенти, а еден е на респиратор, пренесе Index.hr.

Денеска тестирани се 730 лица

До сега забележани се 2.725 заразени со корона вирус, оздравеа 2.155, а починаа 107.

Вкупно тестирани се 78.183 лица.

Овие податоци се собрани до 12.45 часот, денеска, па подоцна може да дојде до промена на бројките поради подоцнежниот термин на објава на некои штабови, предупредија од Навионалниот штаб.