Филипче: Може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори


Фото: Б. Грданоски

Може да се изменаџира ангажманот на здравствените работници во избирачките одбори, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

-Мислам дека доколку има потреба и доколку се потребни на работните места каде сега се целосно ангажирани, на третман на пациентите со КОВИД, во оној систем на ротација може да се ослободат. Не работат сите лекари и здравствени работници цело време. Тие ротираат. Oколу 3.000 здравствени работници се членови на избирачките одбори избрани во 2016 година. Тие луѓе веќе имаат искуство и дополнително може да имаат искуство и во советите за превентивните мерки  што ќе треба да се спроведат на гласачките места. Во разговорот претставниците на ДИК рекоа дека бројот на барање за изземање е многу сличен на сите претходни изборни активности. Меѓутоа, мислам дека овој проблем прво не е така голем, меѓутоа ако се наметне, може да се изменаџира и со систем на ротации лекарите да бидат ослободени ако треба, објасни Филипче, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Скопскиот аеродром.

Во врска со новиот директор на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов кој доаѓа по разрешувањето на Арбен Зибери, министерот информира дека административна процедура треба да заврши денеска.

-Колку што јас знам, решението е пратено и по пошта, меѓутоа физички новиот директор го примил решението. Мислам дека денеска треба да се заврши таа административна процедура, истакна Филипче.

На прашањето за пациентка која е на дијализа и е Ковид-позитивна, а е хоспитализирана, Филипче објасни дека се појавил проблем со овие случаи.

-Се појави проблем со пациентите кои се на дијализа, а кои се Ковид-позтивни зашто центрите каде што сега се прави дијализа, се регистрриани како дневни и таму пациентите не може да се лекуваат. Тоа направи мало изместување на утврдената стратегија со давање под концесија на центрите за дијализа. Се наметна ситуацијата сите позитивни пациенти кои треба да прават дијализа, да се лекуваат само во „8 Септември“, рече Филипче.