Николоски од Дојран го повика Заев на ТВ дуел


Јавно од Дојран го повикувам Зоран Заев на ТВ дуел на кој што ќе можеме да ги спротивставиме нашите програми и концепти за граѓаните јасно да можат да направат разлика и да дадат поддршка на Коалицијата за обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и бројот 14, изјави денеска Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4.

Според него, туризмот и покрај огромниот потенцијал,  не се развивал во овој регион изминатиот период и како што рече, треба многу да се направи, пред се во делот на субвенционирање на оние кои што се занимаваат со туризам, се со цел да можат да дадат подобри услуги кои што ќе можат да привлечат поголем број на туристи.

Истакна исто така оти нема да дозволат во Дојран да се приватизира водата.

– Она кое што нема да го дозволиме е приватизација на водата. Знаете дека градоначалникот на Дојран сакаше да ја приватизира водата, знаете дека луѓето се кренаа не референдум и не го дозволија тоа. Остануваме цврсто посветени на тоа ветување дека нема да дозволиме приватизација на водата, посочи Николоски.