Во Србија од Ковид-19 починаа 52 лица, падна бројот на новозаразени


  Според последните информации во Србија регистрирани се 3.200 новозаразени од 13.201 тестирани примероци, а починаа 52 пациенти. На респиратори се 295 пациенти. Бројот на заразени на дневно ниво опаѓа, но се уште е на високо ниво, а во текот на овој викенд одлучено е да се продолжи работното време на трговските и угостителските објекти.

Карабатиќ избран за ракометар на деценијата, Лазаров најдобро десно крило


Французинот Никола Карабатиќ е најдобриот светски ракометар во деценијата што изминува, додека капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобро десно крило во изборот на реномираниот „Handball Planet“. Францускиот капитен со српско потекло Никола Карабатиќ победи во изборот за ракометар на деценијата, освојувајќи најмногу гласови од 21-членото жири, составено од тренери, ракометни легенди и новинари. Капитенот на македонската репрезентација Кирил …

Карабатиќ избран за ракометар на деценијата, Лазаров најдобро десно крило Read More »

За влез во Словенија повеќе не важат ПЦР тестовите од Северна Македонија и регионот


Според одлуката на словенечката влада, од денеска веќе не е можно да се влезе во таа земја со направен негативен ПЦР тест во институции во земји кои не се членки на ЕУ, односно на шенген зоната, соопштено е на веб-страницата на Амбасадата на Словенија во Белград. За влез во Словенија веќе не важат ПЦР тестовите …

За влез во Словенија повеќе не важат ПЦР тестовите од Северна Македонија и регионот Read More »

Во Хрватска стигнаа вакцините, а директорот на Заводот за јавно здравје седна на нив


  Бројни реакции предизвика тоа што директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак, утрово, за да се фотографира со првата пратка, седна на кутијата. Задовот за јавно здравје, по реакциите ги тргна фотографиите, но хрватските медиуми ги реобјавија, за да потсетат на нив. Во Хрватсска утрово пристигнаа првите 9.750 дози од вакцината на …

Во Хрватска стигнаа вакцините, а директорот на Заводот за јавно здравје седна на нив Read More »

Во Албанија за девет месеци 110 милиони евра странски инвестиции помалку


Завршувањето на трансјадранскиот гасовод, ТАП и пандемијата со Ковид-19 значително ги намалија странските директни инвестиции во Албанија, објави Централна банка на Албанија. Според банката приливот на странски капитал во албанската економија во периодот јануари – септември, достигнал 691 милиони евра, што е намалување за 13,7 отсто (110 милиони евра) во споредба со истиот период од …

Во Албанија за девет месеци 110 милиони евра странски инвестиции помалку Read More »

Хрватска пријави малку заразени, но има 65 починати од Ковид-19, утре почнува вакцинацијата


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 350 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни изнесува 11.644. Меѓу нив 2.664 пациенти се на болничко лекување, а 271 пациент на респиратор. Починаа 65 пациенти,или вкупно 3.613. Досега се забележани 204.312 заразени со корона вирусот, а оздравеа 189.055 лица. Тестирани се 990.665 …

Хрватска пријави малку заразени, но има 65 починати од Ковид-19, утре почнува вакцинацијата Read More »

ПСЖ скапо ќе го плати отказот за Тухел


Најмалку пет милиони евра ќе треба да му плати ПСЖ на Томас Тухел, како обесштетување за предвремениот раскин на соработката со германскиот тренер, објави денеска „Л”Екип“. Според парискиот весник, обесштетувањето што ПСЖ ќе му го исплати на Тухел може да достигне до седум милиони евра, во зависност од резултатите што францускиот првак ќе ги оствари до крајот …

ПСЖ скапо ќе го плати отказот за Тухел Read More »

При пожар во египетска ковид болница загинаа седум пациенти


На одделението за интензивна нега во приватната болница во Каиро изби пожар при што загинаа седум пациенти заболени од новиот корона вирус. Локалната полиција соопшти дека повредени се уште пет луѓе. Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од неисправна електрична инсталација. Во Египет досега со Ковид-19 се инфицирани 139.126 луѓе, а бројот на смртни случаи …

При пожар во египетска ковид болница загинаа седум пациенти Read More »

Тафталиџе како населба е фанк-населба: Промовиран новиот албум на Влатко Стефановски


Новиот албум на Влатко Стефановски – „Тафталиџе шафл“ беше претставен како дел од вчерашниот онлајн новогодишен настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.   – Сакам да сум полежерен одошто сум и да сум порелаксиран одошто сум. Музиката што ја направив заедно со соработниците сакав да звучи опуштено со оглед дека сите сме под притисок од …

Тафталиџе како населба е фанк-населба: Промовиран новиот албум на Влатко Стефановски Read More »

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето


Во изложбениот простор на „Остен“ од вчера е отворена третата изложба на слики и цртежи од колекцијата „Остен музејот на цртеж“, по повод 75 години од своето постоење.  Изложбата, која е и последна во одбележување на јубилејот на Остен, ќе биде отворена до 25 јануари 2021  година.   На неа се поставени дела на уметниците: …

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето Read More »

Унгарија почна да ги вакцинира здравствените работници


Унгарија денеска почна со вакцинирање на здравствените работници со вакцината на Фајзер/БиоНТек против коронавирусот, еден ден порано отколку во повеќето други земји на Европската Унија. Унгарија, како и сите членки на ЕУ27, утрово ја прими првата пратка со вакцини против коронавирусот, што ќе биде доволно за имунизација на 4.875 лица. Вакцините биле доставени до Будимпешта со полициска придружба. …

Унгарија почна да ги вакцинира здравствените работници Read More »

Изречена 681 казна за неносење маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистриран е 681 прекршок. Од Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19. 

УХМР: Денеска и утре врнежи од дожд, на планините снег


Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи во целата земја, а пообилни ќе бидат во северозападните делови. Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 20 л/м2), најавуваат од УХМР. Ќе дува …

УХМР: Денеска и утре врнежи од дожд, на планините снег Read More »

Почина легендарната Милка Бабовиќ


Поранешната југословенска атлетичарка и легендарна хрватска спортска новинарка  родена во Скопје, Милка Бабовиќ, почина денеска, на 93-годишна возраст. Бабовиќ почина во Загреб, каде живееше од 1948 година.  Во својата атлетска кариера, Бабовиќ два пати беше светски студентски и балкански првак на 80 метри со пречки, а титулата државен првак ја освојуваше рекордни 17 пати во поранешна Југославија. Во …

Почина легендарната Милка Бабовиќ Read More »

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, вкупно се лекуваат 441


Во изминатите 24 часа во ковид -центрите во Скопје се хоспитализирани 44 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.   Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил …

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, вкупно се лекуваат 441 Read More »

Светот во 2020: Американците избраа единство место поделби


Во годината кога САД се соочија со здравствена, економска, но и културолошка криза, се одржаа претседателските избори на кои се одлучуваше кој ќе биде станарот на Белата куќа во следните четири години. На 4 ноември се одржаа изборите, на кои Американците во поголем број гласаа за обединетост и емпатија наспроти поделби и навреди. Политичките аналитичари …

Светот во 2020: Американците избраа единство место поделби Read More »

Спречен е нов обид за атентат врз црногорската новинарка Оливера Лакиќ


Црногорските обвинители во петокот објавија дека е спречен нов обид за атентат врз црногорската истражувачка новинарка Оливера Лакиќ, врз која имаше обид за атентат во пролетта 2018 година, јави Хина. Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ соопшти дека двајца осомничени за планирање на убиството се уапсени во четвртокот, а другите членови на криминалната организација од претходно се …

Спречен е нов обид за атентат врз црногорската новинарка Оливера Лакиќ Read More »

Автомобил влета во нотарска канцеларија


На Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беа објавени фотографии од тешка сообраќајна несреќа која се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда. Автомобил од марката „опел“ завршил во излогот на нотарска канцеларија. Според неофицијални информации, на возачот на опелот му се слошило, поради што бил и направен ваков прекршок, пишува Прес24. Нема информации за …

Автомобил влета во нотарска канцеларија Read More »

„Монтенегро ерлајнс“ од денес не лета – кој ќе одговара за уништената авиокомпанија


Авионите на државната авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ (МА) од денес повеќе нема да летаат, соопштија синоќа претставниците на МА. Националната авиокомпанија на Црна Гора постоеше 26 години, од кои сообраќаше повеќе од 23 години, пренесува порталот Банкар. „Поради новите околности кои се однесуваат на одлуката на Владата да не го поддржува постоењето на МА во иднина и …

„Монтенегро ерлајнс“ од денес не лета – кој ќе одговара за уништената авиокомпанија Read More »

Царовска не се откажува од реформата и покрај отпорите


 Министерката за образование и наука Мила Царовска  вели дека концепцијата за основното образование се носи низ широка дебата и треба да се дискутира за неа, но, дека мора да одиме напред, бидејќи тоа е дел од владината програма. -И да не заборавиме, оваа концепција е дел од Стратегијата за реформи во образование 2018-2025, дел од …

Царовска не се откажува од реформата и покрај отпорите Read More »