Автомобил влета во нотарска канцеларија


На Фејсбук страницата „Ѕид на сообраќајниот срам“ беа објавени фотографии од тешка сообраќајна несреќа која се случила на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Автомобил од марката „опел“ завршил во излогот на нотарска канцеларија.

Според неофицијални информации, на возачот на опелот му се слошило, поради што бил и направен ваков прекршок, пишува Прес24. Нема информации за здравствената состојба на шоферот.

Наскоро се очекуваат детали од МВР.

Нешто слично се случи и вчера, кога во центарот на Скопје „пасат“ удри во ограда од угостителски објект.

Во несреќата никој не се здоби со повредени, причинета беше само материјална штета, соопштија од полицијата.