Во Хрватска стигнаа вакцините, а директорот на Заводот за јавно здравје седна на нив


 

Бројни реакции предизвика тоа што директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, Крунослав Цапак, утрово, за да се фотографира со првата пратка, седна на кутијата.

Задовот за јавно здравје, по реакциите ги тргна фотографиите, но хрватските медиуми ги реобјавија, за да потсетат на нив.

Во Хрватсска утрово пристигнаа првите 9.750 дози од вакцината на “Фајзер/Бионтек“, за кој сите те знаеме дека треба посебни услови за чување, односно фрижидери на – 70 степени Целзиусови. Сигурно во спецификацијата за вакцините против корона вирусот, со кој светот се бори речиси една година, не пишува дека може да се седи на кутиите.

Ваквиот несоодветен однос на директорот Цапак беше осуден од јавноста во Хрватска.