Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето


Во изложбениот простор на „Остен“ од вчера е отворена третата изложба на слики и цртежи од колекцијата „Остен музејот на цртеж“, по повод 75 години од своето постоење.  Изложбата, која е и последна во одбележување на јубилејот на Остен, ќе биде отворена до 25 јануари 2021  година.
 
На неа се поставени дела на уметниците: Невзат Бејтули-Кица, Христо Јавашев-Кристо, Мицко Мице Јанкуловски, Оскар Кокошка, Пабло Пикасо,  Анри де Тулуз Лотрек, Херменсон ван Рејн Рембрант,  Виктор Вазарели, Владимир Величковиќ.